
Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со своето семејство беше во претседателската резиденција Вила водно каде папата одржа говор.

Папата Франциск при неговата прва посета во нашата земја најпрво се упати во претседателската резиденција на Водно каде беше пречекан од целиот државен врв.
Во вилата присуствуваше целиот државен врв, а меѓу нив беше и премиерот Зоран Заев заедно со својата сопруга Зорица и ќерката Александра. Тие се фотографираа заедно со поглаварот на римокатоличката црква, а една од фотографиите ќерката на премиерот објави на својот профил на Инстаграм.

Александра за оваа пригода беше облечена во син комплет составен од сако, тесни панталони и свилена блуза во иста нијанса, а целото издание го заокружи со впечатлива шминка и пуштена, рамна коса. За разлика од неа, нејзината мајка Зорица Заева носеше црно, елегантно издание кое го заокружи со нејзината препознатлива боб фризура.