Ќерката на Жељко Митровиќ му кажа „да“ на младиот милијардер, дијамантот блеска на нејзината рака
Момчето не штедеше пари за да го освои нејзиното срце

Интимниот момент ги воодушеви сите
Ќерката на сопственикот на розовата телевизија, Жељко Митровиќ, Кристина Митровиќ, се сврши.
Таа му кажа „да“ на своето момче, младиот милијардер Илија, а среќната вест ја сподели на својот Инстаграм.
Таа го покажа прекрасниот прстен што го доби од својот избраник со фотографија на која напиша „ДА“.
Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ
Во прашање е луксузно парче накит од брендот „Graff“ направен од бело злато и скапоцен дијамантски брусен смарагд.
Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ
Како што пренесуваат медиумите, еден ваков прстен се продава по цена некаде измеѓу 8.000 и 15.000 евра.
Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ
Инаку, Кристина веќе еднаш ја прекина веридбата со своето богато момче кој е милијардер од Русија.
Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ
Тие неодамна решија повторно да започнат врска, а убавата вест Кристина ја сподели на својот профил на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ
Таа на социјалните мрежи често објавува фотографии од нивните луксузни патувања на најскапите дестинации низ светот, но и од скапоцените подароци што ги добива од момчето.
Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ
Таа во својата колекција има голем број чанти од најскапите брендови кои вредат цело богатство, а не крие дека голема слабост и се и луксузните високи потпетици со цени од кои боли глава.
Кристина на Инстаграм често објавува и фотки од своите модни изданија, со кои многумина остава без здив.
Фото: Инстаграм/ Кристина Митровиќ
Некои од нив погледнете во продолжение…