Ќерката на една од нашите најпознати пејачки „рипна во тавче“ – ПОГЛЕДНЕТЕ како блескаше невестата во преубавата венчаница

Невестата блескаше во елегантната венчаница
Андреа Оџаклиевска, ќерката на легендарната пејачка Маја Оџаклиевска, овој викенд му се заколна на вечна љубов на својот избраник Милош Живковиќ.
Андреа и Милош своето судбоносно „да“ го кажаа во црква, по што следуваше прослава во еден ресторан.
Наследничката на нашата позната пејачка, која е во блажена состојба, блескаше во елегантната венчаница.
Погледнете дел од атмосферата:

Таа веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста со својата убавина, а многумина во неа гледаат копија на Маја.

Невестата целото време не ја тргаше насмевката од лицето, како и нејзиниот избраник, а пресреќна беше и Маја.

Инаку, Милош е брат на познатата српска манекенка Дејана Живковиќ која на Инстаграм откри детали од свадбата.

Од фотографиите што манекенката ги објави на социјалните мрежи можеме да видиме дека сите беа расположени.

Но најсреќна беше Маја, мајката на невестата која блескаше од среќа што наскоро ќе добие уште едно внуче.

Инаку Маја, покрај Андреа, ја има и постарата ќерка Теа.
Од Теа го има внучето Лука на кое Маја целосно му го посвети својот живот бидејќи има аутизам.
Маја е една од најпопуларните пејачки и тоа не само од Македонија, туку и на територијата на цела поранешна Југославија, која со својот глас и стас успеа да ја освои публиката уште на почетокот на својата кариера.

Таа е една од ретките на овие простори за кои слободно може да се употреби зборот „дива“.
За својот љубовен живот, Маја во една пригода ќе изјави:
„Имав 12 таканаречени бракови. Кога ќе дојде оној момент кога е почне мрчење или однесување што не ми се допаѓа, јас ги ставам сите работи во кесе за ѓубре и ќе кажам: ‘Работите ти се тука’. Чао, довидување и нов брак“, раскажа Маја како гостинка во една телевизиска емисија.

Маја пред две децении се откажа од својата успешна музичка кариера и целосно му се посвети на семејството.

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од нејзината ќерка која викендов застана на лудиот камен.
Фото: Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Фото: Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Фото: Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Фото: Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Фото: Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Фото: Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Фото: Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Фото: Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Фото: Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Фото: Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Фото: Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Фото: Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Фото: Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
Фото: Инстаграм/ Андреа Оџаклиевска
