Ќерката на Дино Мерлин е неверојатно скромна девојка – таа е неговото најголемо богатство
Ќерката на Мерлин и неговата сопруга Амела се вика Наида
Таа е успешна и вредна девојка.
Наида е ќерка на познатиот пејач кој за многумина важи за еден од најдобрите на просторите од поранешна Југославија.
Неговата љубовна приказна со Амела е посебна и трае 29 години, а како што самиот Дино неколку пати има истакнато – тоа беше љубов на прв поглед. Сепак, не било се од самиот почеток толку идилично бидејќи нејзините родители се противеле на нивната врска – тој тогаш бил млад и без перспектива. Но на крај – нивната истрајност победува, а Наида е круна на нивната љубов.
Дино и Амел кои се во брак веќе три децении имаат две деца, Хамза и Наида Дервишхалидовиќ. Но бидејќи не се занимаваат со естрадна работа и не сакаат да бидат популарни, нивни фотографии од јавни настапи речиси и да нема.
Наида се занимава со информатички науки и гради интернационална кариера, а може да е пофали со завршени постдипломски студии на Оксфорд во Велика Британија.
Дино Мерлин ретко кога зборува за своите деца и нивните успеси, но во една пригода истакна дека неговата ќерка не е заинтересирана за материјални работи, односно дека е приземна и вредна девојка.
Наида на фотографијата е прва од левата страна.
„Наида е родена кога ја почнував кариерата и во детството има доживеано сé – од немаштија до метафорички кажано ‘кавијар и шампањско’. Но затоа таа навикна на скромен живот па нејзиниот одговор на моето прашање – што да и донесам од Париз или Њујорк секогаш бил: ‘Тато, ти благодарам, имам сé, само ти што побрзо врати се дома’“, раскажа во едно свое интервју Дино, иако општо е познато дека пејачот не сака да открива многу за семејството
Тој во една пригода раскажа и дека пораснал без татко и дека неговата мајка имала поприлично тежок живот.
„Мојата мајка беше несреќна бидејќи само зборуваше за човекот што ја напуштил, кој не ја сакал, а тоа беше мојот татко. Трагична е ситуацијата кога навистина сакаш некого, а тој не ти ја возвраќа љубовта. А мајка ми беше омилена, знаеше да позајми пари за да им помогне на другите. Беше тој ‘бај-пас’ за другите“, изјави во една пригода пејачот.
Ќерката на Мерлин е втората од левата страна
„Наида не ја интересира материјалното, за разлика од нејзиниот помлад брат. Кога Хамза се роди, повеќе немавме никакви егзистенцијални проблеми и се навикна на тоа Амел и јас да му овозможиме што и да посака. Кога него ќе го прашам што му треба, и не чека да ја завршам реченицата, туку веќе има листа со нарачки што треба да му ги донесам“.