Ќерката на Велија Рамковски направи неверојатна поза со телото – ПОГЛЕДНЕТЕ како се свитка среде центарот на Скопје
Оваа поза ја можат само професионалци, а таа уште еднаш доксжа дека е најдобра во она што го прави.
Ќерката на некогашниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски, некогаш била личност која лесно се откажувала од она што го сакала, но одлучила целосно да го промени својот начин на живот.
Лејла Рамковска по затворањето на телевизијата на нејзиниот татко, во која и таа работела, започнала да се занимава со сосема нешто поразлично.
Кој би очекувал дека ќе постигне волкави успеси.
Лејла Рамковска е една од најпознатите инструктори по Аштанга јога во Македонија.
Вистински начин да пробате да го смирите духот на своето тело е да почнете да практикувате јога.
Скромна, смирена, не многу зборлеста, Лејла не сака да се експонира во јавноста, единствено ја промовира својата професија.
Речиси 10 години беше во брак во бизнисменот Сефер Цановски со кој има и две деца. Но, на нејзиното тело може да позавидат многу девојки.
Сефер и Лејла иако се разделени, сепак се во добри односи.
По разводот секој тргна по својот пат.
Лејла доста напредуваше во професијата која за неа живот начин. Токму јогата ја има извлечено во најтешките моменти.
– Како јога инструктор јас, а верувам и сите останати ни е јасно дека никогаш не престануваме да учиме во животот. Се чувствувам како да сум се уште на почеток меѓутоа уживам во секој стадиум и постојано учам нешто ново.
Инаку временски, јогата, на почеток само како физичка пракса, а сега многу пошироко, во животот ми е присутна веќе четири години, изјави Лејла за Гламур.
Со јога започнала пред неколку години. До нејзината 30-та година никогаш претходно не вежбала, но забележала дека нема ниту сила ниту пак е флексибилна.
Почнала со едноставни движења и пози, а до овој стадиум до кој е сега дошла полека со текот на времето.
Лејлја е доста активна на социјалните мрежи, каде покажува дека умее да ги направи и најтешките пози, за кои е потребно напорно вежбање.
Така беше и овој пат.
Со позата која ја направи среде центарот на градот, Лејла ги воодушеви сите.
Се свитка како гума и изгледаше како да лебди.
Погледнете:
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска
ФОТО: Фејсбук / Лејла Рамковска