Ќерката на Александар Маленко е вонсериска убавица – интернетот гори од ова нејзино елегантно издание
Оваа млада дама е наследничка на Сузана Турунџиева и нејзиниот поранешен сопруг, Александар Маленко
Ќерката на Сузана Турунџиева и Александар Маленко, Лора (23), долго време не беше активна на социјалните мрежи.
Но од неодамна таа повторно почна почесто да споделува фотографии и со својот атрактивен изглед никого да не остава рамнодушен.
На нејзиниот Фејсбук профил има неколку нови фотографии на кои е од глава до пети средена и изгледа поубаво од кога било досега.
Фото: Фејсбук/ Лора Турунџиева
На една од нив Лора носи тесен црн фустан без ракави, а целото издание го заокружи со сандали со високи потпетици.
Фото: Фејсбук/ Лора Турунџиева
Таа едноставно блескаше во ова свое издание и многумина и порачаа дека никогаш не изгледала поубаво.
„Најпрекрасна една“, „Убавица“, „Прекрасна“, беа само некои од коментарите што оваа млада дама ги доби од следбениците.
Фото: Фејсбук/ Лора Турунџиева
Потсетуваме, оваа млада и шармантна дама во 2018 година се омажи за своето момче Филип Наунов, а по неколку месеци се роди и нивниот син Јаков кој оваа година наполни четири години.
Фото: Фејсбук/ Лора Турунџиева
Лора по бременоста како и сите новопечени мајки имаше проблем со вишок килограми, но за кратко време не само што повторно беше како пред бременоста, туку и го имаше оној шарм што го имаат само жените кои се остварила во најважната улога во животот.
Фото: Фејсбук/ Лора Турунџиева
Таа и сега едноставно блеска на секоја своја фотографија и изгледа како топ модел, иако никогаш не се занимавала со јавна професија.
Фото: Фејсбук/ Лора Турунџиева
Од фотографиите можеме да видиме дека ужива во брачниот живот, но и во улогата на мама на едно вакво прекрасно дете.
Фото: Фејсбук/ Лора Турунџиева
А со нејзиниот наследник ужива и Сузана која иако е во шестата деценија од животот се уште изгледа како во најдобрите години и со својот атрактивен изглед ги воодушевува сите.
Фото: Фејсбук/ Лора Турунџиева
И таа објавува фотографии на Инстаграм, и тоа многу почесто од Лора, а некои од нив, погледнете во продолжение…