Реклама
Вирално

Ќелијата на Боки 13 е хотел со 5 ѕвезди во македонскиот пекол – од овие фотографии ќе ви се крене косата на главата!

Реклама

Македонските затвори Шутка и Идризово се едни од нaјбpутaлнитe затвори на Балканот

Покрај Идризово кој е најголем затвор во Македонија и кој важи за еден од најбpутaлнитe затвори на Балканот, состојбата и во Затворот Скопје попознат како Шутка не е воопшто розова. Во овој затвор се наоѓа најголемото и најобезбеденото притворско одделение.

Маркетинг

Според условите во притворското одделение, Шутка не може да се пофали со почитување на човековите права согласно Европската конвенција за превенција на тортура и нечовечно или понижувачко постапување. Ќелиите во овој дел не се реновирани откако е изграден затворот, односно од 1968 година, освен неколку соби кои се бојадисани и во кои малку се санирани големите оштетувања.

Хашкото одделение

Понижувањето на притворениците во однос на сместувањето е еднакво како веќе да се осудени и казнети, и тоа со нехуман однос, несоодветен третман, ригорозни мерки и во супстандардни услови.

Маркетинг

Според извештаите, и во Шутка како и во Идризово корупцијата се присутна на сите нивоа, па дури и насилството врз затворениците, а во затворите се тргува и со наркотици и мобилни телефони.

Хашкото одделение

Собите речиси и да се распаднати, подот руиниран како во напуштена куќа, инвертарот скапан. Во простор помал од шест-седум квадратни метри понекогаш има и по четири кревети, мала масичка и тоалет така наречен „чучавец“ кои притворениците го затнуваат со пластично шише со цел да го спречат ширењето на непријатниот мирис.

На самиот под, кој само тука и таму е обложен со паркет, а на повеќето места соголен, веднаш покрај самите кревети, најчесто им стои храната која што притворениците ја добиваат од роднините што им доаѓаат на посети.

Обичните притворски ќелии

Инаку, во притворското одделение на Шутка веќе три месеци се наоѓа и притвореникот Бојан Јовановски.

Но Боки 13 како што вели директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ имал среќа, па завршил во т.н. „хашки“ оддел во истражниот затвор Скопје кој во споредба со останатиот дел е хотел со 5 ѕвезди.

Обичните притворски ќелии

Во прашање се соби кои затворот ги изгради по барање а ЕУ за потребите на Судот од Хаг и се наменети за „ВИП“ личности.

Собите до некаде ги задоволуваат стандардите како на модерен европски затвор, но тие се само неколку.

Погледнете како изгледаат останатите простории:

Фото: МИА; Детектор (Сител)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button