Ќе се изненадите од овој детаљ што ѕирка под фустанот – првата дама повторно блесна и го украде шоуто
Првата дама во уште едно преубаво издание
Нашата прва дама Елизабета Ѓоргиевска често можеме да ја видиме во еднобојни модни комбинации со кои секогаш плени.
Така беше и сега, само што Бети овој пат во целата комбинација внесе еден детаљ со кој што го разигра целото издание.
Имено, првата дама на Македонија деновиве присуствуваше на еден настан посветен на глобалната кампања за Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и за оваа пригода избра поприлично интересна модна приказна со која што ги воодушеви сите, но и покажа зошто важи за дама со стил.
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Позната по својот сведен стил, Бети повторно избра минимализам, а во центарот на вниманието беше креацијата што ја носеше.
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Во прашање е преубав фустан во пастелна црвена нијанса, а целото издание го „разби“ со бели високи потпетици.
Како што може да се забележи од фотографиите на нејзиниот Инстаграм, Бети со само еден детаљ ја разигра оваа своја монохроматска комбинација, без никакви претерани модни додатоци, а интересната боја на фустанот беше толку ефективна што првата дама со овој фустан дефинитивно не можеше да помине незабележано.
Како таа изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Погледнете уште неколку интересни модни комбинации што во изминатиов период ги носеше нашата прва дама…
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фустани во пастелна црвена нијанса