Ќе се изненадите кога ќе видите како изгледа најубавиот Турчин – ФАТАЛНИОТ Бали-бег ги разочара своите фанови!
Шармантниот турски актер веќе со години важи за еден од најубавите мажи на целата планета.
Бурак Озџивит се прослави со својата улога на Бали-бег во популарната турска серија Сулејман Величествениот.
Тој со својот „неподнослив“ шарм преку ноќ ги освои срцата на жените во Турција, но и во целиот регион кои и денес без здив ги следат неговите серии.
Кога пред три години застана пред олтарот со Фахрије Евџен, со која го доби синчето Каран, на многу обожавателки им ги скрши срцата. Но овој пат изгледа Бали-бег повторно најде начин како да ги разочара фановите, и посебно претставничките на понежниот пол.
Имено, 36 годишниот актер неодамна објави „селфи“ со кое предизвика голем број негативни коментари од фановите.
И покрај тоа што неговата фотографија заработи половина милион лајкови за кратко време, многу обожавателки на Бали-бег не криеја дека се крајно разочарани од неговиот нов имиџ што го „фура“ во последно време.
„Каква штета толку убав маж да се уништи со олку грда фризура. Го изгуби целиот шарм и убавина што ја имаше“, „Од најубавиот маж на светот до еден од најгрдите. И потоа некој нека каже дека фризурата не го прави човекот“, „Леле, што направи од самиот себеси?“ беа само некои од коментарите што Бали-бег ги доби под својата фотографија од разочараните претставнички на понежниот пол.
Повеќето од нив се надеваат дека на тој начин ќе успеат да го „вразумат“ фаталниот Турчин и дека ова му е само привремена фризура.
Инаку, Бурак имиџот го промени заради снимањето на новата серија, а и самиот во една пригода изјави:
„Заради улога би направил се’ – би ослабнал, би се поправил, би ја променил фризурата и би направил се што е потребно. Тоа се е дел од нашата работа и уметничкото создавање“, изјави тој во една пригода.
Инаку, познатиот актер неодамна се соочи и со тешки обвинувања од своите колеги за пcихичкa злoyпотpeба и мaлтpeтиpaње. Како што неодамна објавија турските медиуми, колегите од серијата во која што тој го глумеше Осман-бег, велат дека е невозможно да се работи со него.
„Кога знаете дека ќе снимате со Бурак, одењето на сцена е толку многу мачно. Ми се повраќа од самата помисла. На сите колеги им врши психичка тортура – вика на сиот глас, зборува дека се неспособни, дека не се достојни за тој свет, и постојано се воздигнува самиот себеси“, изјави неодамна за турските медиуми неименуван извор кој работеше заедно со него на популарната серија „Курулус: Осман“.
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит