Можете ли да ја замислите зимската сезона на славење без добар ајвар?
За жал, не секој има време да направи ајвар, но за среќа постои рецепт за вкусен ајвар, а кој ќе ви одземе само еден час.
Каков вкус има брзиот ајвар?
Точно, брзиот ајвар го нема истиот вкус како обичниот ајвар, бидејќи содржи малку помалку маснотии и зачини.
Сепак, оваа полесна верзија е исто така вкусна, толку многу што гарантираме дека ќе го зачувате рецептот за следната година.
ФОТО: Принтскрин / You Tube
Потребно ви е:
2 килогами црвен пипер
2 големи модри домати
половина главица лук
1 лута пиперка (по избор ако сакате лута)
50 мл масло
3 супени лажици оцет
сол
Подготовка:
Измијте ги модриот домат и пиперките, исчистете ги од рачките и семките, а потоа исечете ги на помали парчиња.
Лукот, пиперките и модрите домати ставете ги во тепсија и испечете ги во рерна на 200 степени, околу 30 минути (додека не омекне).
ФОТО: Принтскрин / You Tube
Кога зеленчукот ќе се испече, изблендирајте го. Во смесата додадете маслиново масло, сол и оцет.
Постапката се повторува додека не заврши сиот зеленчук кој сте го подготвиле.
Целата смеса добиена по блендирањето се вари на шпорет додека не испари вишокот вода (околу 30 минути).
Се претура во претходно стерилизирани тегли, се превртува наопаку и се остава да се излади.