Владината комисија при Министерството за финансии за автоодговороност утре (понеделник) ќе одлучува за новата цена за осигурување на возилата.
Во понеделник ќе се врати старата цена за осигурување на возилата, дознава Сител. Поскапувањето за 15 отсто, кое го донесе Националното биро по барање на сите 11 осигурителни компании , на владина комисија за автоодговорност – ќе се поништи., велат извори од комисијата.
Дека е неоправдано донесена одлуката за зголемување на цените, вчера реагираа и од Министерството за финансии и од Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Од Националното биро за осигурување пак велат дека цената на авто-осигурувањето е непроменета од 2008 година, и според нив, поскапувањето на осигурителните полиси е реално, поради како што велат – повисоките цени на автомобилите и резервните делови.
Од четвртокот цените на осигурителните полиси за автомобилите се повисоки за 15 отсто со што поскапува регистрацијата на возилата. Овие цени се однесуваат на автомобили со моќност над 44 киловати (КВ) и за товарните возила. Премијата за осигурување за возилата со моќност до 44 киловати останува иста.
Информацијата за покачување на цените осигурителните компании ја добиле во понеделникот од Националното биро за осигурување.