Ќе ви ја згрее душата: Кајмaкоски посреќен од било кога – погледнете како ужива со своето новородено синче
Македонскиот пејач максимално ужива во татковството.
Кајмакоски секој слободен момент го користи да го помине со новородениот син.
Во мај годинава Даниел Кајмакоски го доби своето второ чедо, малиот Стефан.
Од бракот со некогашната манекенка и пејачка Кристина Димитриевска, Даниел го има синот Давид.
По нивната разделба, Даниел се пресели во соседна Србија, односно Белград, каде максимално се посвети на својата кариера.
Долго време својот приватен живот го држеше во тајност.
Дека е повторно вљубен и ужива во љубовта ги извести своите фанови преку Инстаграм.
Иако никогаш не го откри името на својата сакана, ниту пак таа има социјални мрежи, на Инстаграм профилот на Даниел може да се видат нивни заеднички фотографии.
Парот изненади кога соопшти дека одлучиле да „скокнат во тавче„, а пејачот сподели и фотографии од нивната венчавка.
На почетокот на месеов Даниел и неговата сакана го добија синот Стефан, а пејачот ужива во секој момент поминат со своето семејство.
На Инстаграм сподели видео на кое тој во прегратки го држи Стефан и танцува за време на нивниот летен одмор.
Погледнете:
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски