Не поминува ни ден а на радио да не го слушнеме гласот на нашиот ангел Тоше Проески …
Речиси 14 години поминаа од смртта на најпознатиот македонски пејаќ Тоше Проевски, пејачот познат по својот ангелски глас и насмевка.
Речиси 14 години од неговото последно интервју во „Вртелешка“ во кое Тоше зборуваше дека е изморен, а многумина ова интервју го карактеризираа како претскажување на она кое се случи наредниот ден.
Тоше кој тогаш имаше 26 години, само неколку часа по интервјуто тргна на пат како совозач со својот автомобил и кај Нова Градишка дојде до кобен судар.
Патуваше во Загреб за снимање на снимање два спота, а неколку часа пред да тргне на пат тој додека зборуваше со Весна Петрушевска-Бејби и Васил Зафирчев делуваше изморен и нерасположен.
Имено, водителот Зафирчев во еден момент го праша дали е заљубен, на што Тоше му одговори кратко.
„Се чувствувам убаво!“
„Ти делуваш како секогаш да си заљубен, а секој пат изјавуваш сам сум, заљубен, па сам сум, заљубен, па осамен“ коментираше водителот.
„Бидејќи во последни време имаше многу шпекулации, дел од нив и вистинити кои беа објавен, одлучив, од неодамна, никогаш повеќе да не дискутирам за приватниот живот, сметајќи дека така, односно барем така мислам, ќе успеам да заштитам барем мал дел од себеси“ одговори Тоше.
На друго прашање дали сака малку да се тргне од се Тоше одговори: „Би сакал да се тргнам од се, но не можам. Машинеријата ме стави, како што велат во „бубањ“ и готово. Нема назад. Барам заздравување од дневни интервјуа, шминка, отстранување шминка, пакување.“
„Патувања за Загреб, и назад, патување за Австралија … Доста ми е од сè“ рече Тоше со вознемирен глас и додаде:
„Јас правам грешки како и секој нормален човек секој ден. Јас не сум безгрешен, светец или ангел, далеку сум од тоа, но исто така сум далеку од грдите приказни што ми се припишуваат откога бев познат ” рече тој.
Тоше зборуваше дека стравува дека девојките го сакаат само поради тоа што тој е славен, а не го глегаат каков е тој всушност.
Рече дека тоа чувство не е пријатно, ни автомобил, ни пари ни ништо од материјалните работи не се пресудни за љубов.
Секое слободно време Тоше го користеше да го помине дома во Крушево каде често се дружеше со своите стари пријатели.
„Тоа ме спушта на земја, не верувам во нови пријателства бидејќи имав лошо искуство, со старите сум сигурен“ рече Тоше во интервјуто. Тој исто така тогаш откри дека брзото темпо на животот не му годи, дека сака да ужива во прошетки, на шопинг или навечер во кафуле, но не може.
Раскажуваше за своите родители како големи животни примери. Лијлана Петровиќ ја нарече втора мајка и рекол дека е среќен што е со него.
По интервјуто водителите му посакаа среќен пат до Загреб, пријатно снимање на новиот спот, а тој со насмевка на лицето ги поправи и рече дека се работи за два спота, а не за еден, кои за жал никогаш не беа снимени.