Реклама
Вирално

Љубовта не познава препреки: Додека е на лекување во болница, сопругот ја бодри од дворот со моќна порака

Реклама

Во овој период на глобална пандемија од коронавирус, болниците се затворени за посети поради опасноста од ширење на вирусите, па еден посветен сопруг чија жена оди не хемотерапија во болница се сетил како и да пружи поддршка.

Имено, тој во дворот на болницата, под прозорецот на Диана поставил натпис со огромни букви „Овде сум и те сакам“ и со часови чекал. Трогнатата сопруга со пишана порака закачена на прозорецот му возврати.

„Морав да се снајдам и да и покажам дека сум покрај неа иако физички не можев да бидам во болница“, раскажа Денис Кокрел чиј натпис „Овде сум и те сакам“ измами солзи не само на лицето на неговата жена Диана туку и кај медицинскиот персонал околу неа.

Маркетинг

Диана е примена во болница во понеделникот на трет циклус хемотерапија, а на Денис не му било дозволено да биде покрај неа поради рестрикциите воведени поради коронавирусот. Местото на оваа случка е Гринвил, Јужна Каролина, а се знае дека во САД ситуацијата со епидемијата е најкритична. Но, за овој посветен сопруг, каков што секоја жена би посакала, не постола физичка пречка, па се сети на овој начин да и покаже дека е со неа.


На Диана ракот на дојка и е дијагностициран на Божиќ минатата година, а во јануари е оперирани, но карциномот се проширил на лимфните јазли, па во март почна со 12 неделна хемотерапија со надеж дека сите келии на карциномот така ќе бидат уништени. Меѓу одредени циклуси од хемотерапијата има три недели опоравување, а во понеделникот почна по трет пат да прима хемотерапија.

Маркетинг

Денис воопшто не бил среќен поради изолацијата и фактот дека не може да виде со неа, по причините му се јасни. Бил со Диана кога ја примала првата хемотерапија, делумно и на втората, а потоа болницата вовела нови правила за социјално дистанцирање. Најблиску каде сопругот можел да дојде бил болничкиот паркинг. Сопругата му испратила порака дека е во соба со поглед во природа па Денис ја обиколил целата болница додека не ја пронашол.

Кога сфатил дека на тој начин можат да се видат, во неговата галва се родил план. „Видов ливада надвор од болничкиот круг па одлучив следниот пат да донесам столица и да седам тука така што ќе може да ме види и да знае дека сум тука“, рече тој. Но тој не останал само на седење под нејзиниот прозорец, туку сопругата ја изненадил и со трогателна порака, доволно голема за да може да ја прочита Диана од високо.

„Ноќеска пред посетата во болница се договорив со децата Кејт, Карли и Колиер, да ми помогнат да го изработам натписот. Беше скриен во автомобилот и кога Диана од собата отиде на хемотерапија, сето тоа го наместив на ливадата. Чекав да се врати во соба и кога проценив дека дошла назад и испратив порака да погледне надвор. Не треба да ви кажам колку беше изненадена. На прозорците се собраа медицински сестри и друг персонал и го коментираа знакот, некои ми мавтаа, некои фотографираа…


Диана е одлична сопруга, и целта ми беше да и измамам насмевка на нејзиното лица, вели Денис и додава дека тие се заедно 23 години. Диана потоа со помош на болничкиот персонал направи порака “I ❤ You”.

„Длабоко во себе знам дека за неа најдобро е да е во изолација, иако и двајцата тоа тешко го поднесуваме. Диана ми е се. Таа е дел од мене и кога сме одвоени чувствувам дека моето тело е овде, а моето срце е таму со неа, во таа болничка соба. Таа е се што е добро во мене“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button