Реклама
LIFESTYLEВирално

Љубовната приказна од Травник која го освои регионот: “Не е важно дали се крстите или поклонувате”

Реклама

Дека љубов е најголемата сила во универзумот, ни ја докажува приказната за Елизабет Еле Хргиќ и Инаса Дагоје, кои оваа година стапија во брак во Травник.

Фото: Фејсбук/Елизабета

Елизабет на нејзиниот Фејсбук профил објави една од свадбените фотографии која стана вирален хит. Фотографијата е креирана пред училишната зграда во Травник кај католичкиот училишен центар “Петар Барбариќ” во кој одела Елизабет и мешаното училиште “Травник” во кое одел Инас.

Маркетинг

Двете институции се поделени со жица, а Елизабет под фотографијата објави емотивен текст.

-Сме пред нашето училиште . Во еден од дворовите поделени во два света. Во едно од дворовите, кои ја совладаа големата ограда со која не убедија дека сме различни, а ние малку можевме да им поверувавме. Но, што значи жицата, која во нашите очи делува како заштита, што значи, покрај љубовта! Љубовта што ги крши границите, бариерите, предрасудите, гордоста … Љубов која во другата личност го гледа човекот. Човек со срце и душа облечен со крв и месо со илјада и една доблест и пораз. Невидливата рака не позврза нас двајцата со љубов, простување, да градиме некои подобри светови, ги имаме и ги поучуваме децата вистински и човечките вредности. Денес сум благодарна за сè. За љубовта, за оградата која не беше пречка да се најде љубов која ќе го развесели, расположи и животот ќе му го направи убав на човекот.

Маркетинг

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=898924913783453&set=a.148308988845053&type=3&theater

Радувај се на секој нов ден и учете ги децата дека сите се исти, не е важно дали сме црни или бели, дали се крстиме или се  поклонуваме. Научете ги вашите деца да бидат добри луѓе, кои нема да поверуваат дека оградата е заштита, и дека добрите, талентирани, духовити и љубовни деца растат од другата страна. „Животот е Љубовта “, заклучи таа.

Фотографијата доби повеќе од пет илјади лајкови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button