ЉУБОВНА ПРИКАЗНА КОЈА ГО ВООДУШЕВИ БАЛКАНОТ: Одеше на дијализа 9 години, а потоа неговата девојка Марија му го донираше бубрегот
Се заврши во најдобар ред...
Дека љубовта не познава граници и дека понекогаш значи голема жртва, доказ е младата Марија Милојковиќ (31).
фото принтскрин/Нова.рс
Милош Марковиќ е 30 годишен фудбалер од Стрмово на кого пред девет години му била дијагностицирана хронична бубрежна инсуфициенција, поради што веднаш морал да оди на дијализа.
Марија не можела повеќе да гледа како Милош трпи болки дење и ноќе реши да го донира нејзиниот бубрег.
фото принтскрин/Нова.рс
Трансплантацијата беше успешно извршена на 3 ноември во клиника во Турција, а за Нова.рс Марија истакнува дека сама ја донела оваа одлука, иако Милош не бил за нејзино „одење под нож“.
фото принтскрин/Нова.рс
„Не сакаше да одам под нож. Се плашеше дека нешто ќе ми се случи, но јас веќе одлучив. Најдовме агенција во Ниш преку која дојдовме во клиниката во Турција, бидејќи во Србија не е дозволена трансплантација меѓу момче и девојка. Го поминавме Етичкиот суд, каде беше утврдено дека органот, се разбира, не е платен. Ги направивме сите тестови, малку се исплашивме со оглед на тоа дека имаме различни крвни групи и дефинитивно постоеше можност да не можам да му дадам бубрег“.
фото принтскрин/Нова.рс
Иако се заедно две години Марија вели дека воопшто не била во дилема дали да му го подари бубрегот на своето момче.
„Кога го запознав пред две години, знаев дека има проблем со бубрезите и дека е на дијализа. Тој беше на листа на чекање за трансплантација во Србија, но немаше можност да добие бубрег.
фото принтскрин/Нова.рс
„Започнавме љубовна врска, пред неколку месеци почнавме да живееме заедно, а потоа сфатив дека навистина не му е добро“, вели Марија.
Ги забележала неговите сè почести болки, исцрпеност од дијализа и нервоза, што многу и го отежнувало.
фото принтскрин/Нова.рс
„Тешко е да се живее со некого и да се гледа како страда. Во јуни тој имаше фистула на раката и беше испратен во VMA. Му рекоа дека итно треба да најдеме донатор и дека катетерот е последна опција за дијализа бидејќи кога ќе престане, се престанува. Тогаш реков: Добро, ќе го направиме тоа на овој начин. Почнуваме акција преку фондацијата Биди хуман, ќе му дадам бубрег“, открива Марија.
фото принтскрин/Нова.рс
Седум дена ги чекале резултатите од неговите и нејзините анализи. На 27 октомври, им беше кажано дека нивните резултати апсолутно се совпаѓаат.
„Беше неверојатно, особено затоа што јас сум нулта позитивна, а тој А- негатив. Ништо не беше потребно, само имавме среќа. Сето тоа се случи минатата недела. Кога го поминавме Етичкиот суд, требаше да планираме да се вратиме во Србија, па да видиме кога ќе се изврши трансплантацијата. Сепак, отидовме на ручек и му реков дека нема да одиме дома додека не ја направиме трансплантацијата. И следниот ден се беше готово“, вели оваа храбра девојка за Нова.рс.
фото принтскрин/Нова.рс
За нејзината одлука не знаела дури ни мајка и но кога дознала била многу горда на својата ќерка.
„Не и кажав ништо на мајка ми, таа беше во тотален шок. Знаеше дека сме во болница, но не и за трансплантација. Кога и кажав следниот ден дека му дадов бубрег, таа само рече „знаев“. Најважно е дека Милош е добро. Слушам некои луѓе велат: О, па што ако те остави? Не го условував со ништо поради мојот бубрег. Не е должен цел живот да го помине со мене, тоа го сакав. Тоа, впрочем, треба да го прави секој што сака и може, бидејќи човек најнормално може да живее со еден бубрег.
фото принтскрин/Нова.рс
Марија истакна дека не прима никаква терапија за болки, дека функционира нормално и дека над неа докторите вршат само контрола.