Реклама
Наши ѕвезди

Јулија Мицаевска објави фотографија од пoчинaтaтa ќерка и сподели ЕМОТИВНА И ТPOГAТЕЛНА ПОРАКА со која ги pacплака сите

Реклама

Нашата позната пејачка и водителка објави фотографија од нејзината пoчината ќерка и ги растажи сите.

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Потресната објава на Јулија Мациевска по cмpтта на нејзината ќерка Андријана ги растажи сите на социјалните мрежи.

Ќерката на Јулија Мациевска не ја издржа битката со тешката болecт. Таа пред неколку дена пo-чина, а нејзината мајка деновиве објави видео од миса во Бразил каде свештениците се молеа за нејзината душа.

Маркетинг

Јулија објави и една порака со која ги тpoгна своите бројни фанови опишувајќи ги последните денови на нејзиниот ангел.

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

„Драги пријатели, моето девојче, моето Ангелче, од овој свет отиде гладна и жедна. Толку многу имаше желба да јаде нормално, но тоа беше многу тешко, затоа што организмот не примаше. Јас се трудев, секој ден и подготвував, она што го сака и за што ќе изразеше желба…“

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

„Но да не пишувам што се случува кога силните хемии ќе ги уништат органите. За нашите искуства од оваа голгота, некој друг пат, за да им послужи на другите, кои чекорат по истиот пат“, напиша Јулија и ги замоли своите пријатели да се сетат на нејзиното чедо, да јадат и пијат за нејзината душа, затоа што како што вели таа, телото замина, но не и душата.

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

„Сетете се на неа и поканете го моето Ангелче со вас да јаде и пие, зошто телото замина, но душата е жива. Ќе речат многумина дека тоа се само обичаи, но во духовноста има друга вистина. Моето Ангелче постојано ми се јавува, добивам неверојатни пораки.. ох, во сиот бол, Му благодарам на Бога, што навистина е Ангел Небесен“, напиша оваа мајка скршена од болка.

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска
Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Инаку, Андријана која по професија беше сликарка и зад себе ја остави ќерката Стефанија, две години се бореше со тешката болест. Paкот и беше диjaгностициран во 2020 година, на нејзиниот роденден. Тогаш нејзината мајка ја соопшти стpaшната вест на социјалните мрежи, по што добија поддршка од нивните бројни пријатели и следбеници.

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

„Овој роденден се разликува од сите досега зашто си ставена на големо искушение, а и ние со тебе, сонце наше. Ни претстои битка за која знам дека ќе ја изодиме, за која знам дека ќе победиме, како и многупати досега. Ти, нежна, ранлива, никогаш прегласна, никогаш наметлива, во својот свет, секогаш со разбирање и трпеливост за сите, секогаш спремна да голтне, никогаш да не повреди, никогаш да каже лош збор. Ти, сонце мое, и, сега, кога ги трпиш најголемите болки, велиш – ќе биде добро, ќе помине, свесна, присебна, велиш – дури сега се соочив со стравот, дури сега го осеќам Божјото водство и знам дека ова е за мое најголемо добро“, напиша тогаш Јулија како загрижена мајка за здравјето на своето чедо.

Стефанија Начевска, внуката на Јулија

Јулија во изминатиов период не ретко објавуваше заеднички фотографии со својата ќерка на социјалните мрежи, на кои секогаш и двете се трудеа да изгледаат насмеано и весело. Нејзината ќерка во нејзино друштво се чувствуваше најубаво, а од фотографиите можеме да видиме како тие го минуваа времето заедно, но и колку беа блиски.

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Инаку Јулија уште на млади години остана вдовица, а по трагедијата таа реши целосно да им се посвети на својата ќерка Андријана и на внуката Стефанија.

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Нејзината внука порасна во прекрасна девојка и се занимава со актерство, а бидејќи знае и турски јазик, таа студира на ФДУ на турски јазик. Нејзиниот глас често можеме да го слушнеме во синхронизираните турски серии, а Јулија е посебно горда на нејзиниот успех како театарска актерка.

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button