Јордан Митев пред два дена се оствари во улога на татко – пејачот сега објави уште една преубава вест
Никогаш не бил посреќен
Познатиот пејач пред неколку дена стана татко
Познатиот македонски фолк-пејач Јордан Митев пред два дена ги изненади сите кога соопшти дека станал татко.
Неговата сопруга Славица се породи и роди женско дете и тоа додека Јордан е на неговата турнеја во Австралија.
И само еден ден откако прослави дека станал татко, Јордан имаше настап за паметење во Мелбурн кој нема никогаш да го заборави.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Впрочем ова е неговиот прв концерт на кој покрај тоа што е пејач, тој е и татко, и тоа на женско дете.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Пејачот објави неколку фотографии од настапот, а и гостите споделија снимки на кои се гледа колку убаво си поминале.
Потсетуваме, Јордан е во брак со неговата избраничка Славица со која се запозна токму додека беше на турнеја во Австралија.
Принтскрин/ Јутјуб
Пејачот заради тоа е и посебно поврзан со оваа земја, иако тие решија да се вратат во Македонија и живеат во родното село на Митев.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Неговата сопруга и покрај тоа што е родена во Австралија, заради својата љубов се пресели во Македонија, а како изгледа нивната куќа во Подареш, родното село на Јордан кое се наоѓа во близина на Радовиш, погледнете тука.