Јордан Митев долго време беше во љубов со оваа жена – Македонците од Австралија ги обожаваа како пар
Пејачите Гонце и Јордан порано важеа за најпознатиот естраден пар во Македонија
Фолк-пејачот Јордан Митев неодамна прослави шест години брак со неговата избраничка со која очекуваат принова
Тие уживаат во брачниот живот, а живеат во родното село на пејачот, Подареш, во близина на Радовиш.
Јордан и Славица се запознаа во Австралија, каде што неговата избраничка живееше пред да дојде во Македонија.
Фото: Фејсбук
Но денес малкумина се сеќаваат дека Јордан некогаш во оваа земја често настапувал и со една своја поранешна девојка.
Фото: Фејсбук
Имено, Јордан долго време беше во врска со пејачката Гонце Гогова која во 2016 година се омажи со кик-боксерот Игор Петков.
Јордан и откако раскинаа со струмичанката имаше настапи во Австралија, но и во Македонија, а имаат и неколку соработки.
Фото: Фејсбук
Па така на пример албумот што Гонце го издаде пред десет години, односно во 2013 година, целосно беше потпишан од нејзиниот тогашен емотивен, но професионален партнер, Јордан Митев.
Фото: Фејсбук
Тие имаат и неколку дуети кои и денес се слушаат, а на нашите иселеници низ светот им беа едни од омилените пејачи.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
На пример во Австралија, на нивните настапи концертните сали секогаш беа полни, а картите однапред распродадени.
Тие секогаш ги забавуваа гостите до раните утрински часови, кои цела вечер пееле и играле заедно со Гонце и Јордан.
По раскинувањето тие останаа во добри односи, а заради професионалните обврски продолжија и со заедничките настапи.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Но по некое време тие ќе тргнат секој по свој пат, а денес и двајцата веќе со години се во среќен брак.
Фото: Фејсбук
Гонце се омажи за кик-боксерот Игор Петков, а Јордан за Славица со која што се запозна во Австралија.
Пејачката откако се омажи за брзо време се оствари и во улога на мајка, па целосно му се посвети на семејството.
Фото: Фејсбук
По четири години пауза, повторно му се врати на пеењето и во 2019 година заедно со Христијан Божинов и групата „Болеро“ замина на едномесечна турнеја во Австралија.
Претходно последната турнеја и снимање материјали ги имаше во 2015 година, по што целосно им се посвети на своите три принцези.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Од друга страна пак, Јордан Митев, во 2017 година се ожени, а наскоро очекува да се оствари и во улога на татко.
Имено, неговата сакана е во блажена состојба, а пејачот оваа среќна вест ја соопшти во интервју за Гламур магазин.
Повеќе за ова прочитајте тука…