Реклама
Интервју

Јовица Крстевски: „Ретки се оние мажи во градот кои се модно освестени“

Реклама

Во предпразничиот период сите не фаќа шопинг манија, а голем избор на подароци за секого можете да најдете во некоја од продавниците на Fashion Group. Јовица Крстевски е дел од нивниот тим и бренд менаџер, кој за модата вели дека е начин на изразување и одраз на карактерот…

Што претстваува модата за Вас?

За многумина од нас, особено за мене модата претставува начин на изразување, рефлексија на личноста и карактерот кои ги поседуваме. Во мојот случај убавото е што модата е дел од моето секојдневие, како приватно така и професионално. Накратко, модата е начин на себе изразување.

Маркетинг

Каков е Вашиот стил на облекување?

Не сум сигурен дека било кој од нас може да каже дека поседува или има конкретен стил на облекување.

Маркетинг

Како и на многумина, така и мојот стил еволуирал низ годините. Се обидувам да го држам темпото кое го диктира модата со времето, но притоа сакам секако да останам свој и секогаш да носам нишка од себе во облекувањето.

Вашето омилено место за шопинг?

Не сум фан на големи шопинг молови во затворено каде што постојано има гужва и хаос. Повеќе преферирам шопинг во продавници кои се наоѓаат на улици како „Galleria Vittorio Emanuele“ во Милано или шопинг ареата на Кнез во Белград.

Знаат ли Македонците да се облекуваат во чекор со светските трендови?

Далеку сме од чекорење со тековните светски трендови. Многу е мал процентот на мажи во градот кои се модно освестени или следат било какви трендови. Но, сметам дека тоа полека се менува кон подобро, покрај влијанието на социјалните мрежи како дневна алатка за инспирација па и копирање на мажи кои знаат како да се носат од светскиот и европски шоу бизнис.

Како е да се биде на менаџерската позиција на најголемата модна групација во земјава?

Стартувам со утринско кафе без кое не можам да го започнам денот. Секогаш од претходно имам подготвено агенда за тековно работење и таквиот начин на функционирање многу ми помага во истото. Доста сум тврдоглав како личност, но се сметам и за голем креативец и тие две мои особини можеби се клучните пиони во мојата работна позиција за упсех, кариера и градење како индивидуа. Како бренд менаџер во Fashion Group секогаш имам чест и привилегија да бидам во тек со најновите модни збиднувања, чести патувања поврзани со работењето, секојдневна комуникација со мојот тим, како и со колегите од другите сектори. Генерално и карактерно сум “loner”, па многу често по работа ми треба “me time” во уживање со омилената серија и филм, читање на книги или едноставно слушање музика. Вечерно излегување со блиските и сакани личности е “must”. Слободните викенди секогаш гледам да ги поминам вон градот, дали на некоја блиска планина или прошетка до некој од градовите во околните и соседни држави. Таквото темпо ми ги полни батериите за нова и исполнителна работна недела.

Што ќе им понуди на љубителите на модата „Fashion Group“ во празничниот период?

Големите сезонски намалувања се на самиот праг како и секоја година, а тоа е најрадосната вест за љубителите на модата, што ќе можат да дојдат до своето омилено модно парче на голем сезонски попуст.

Како ќе ја заокружи оваа 2019-та година Fashion Group?

Како копманија постигнавме и остваривме големи успеси, многу нови отварања во и вон главниот град.

Ќе ја затвориме годината на голема предновогодишна забава во некој од скопските клубови каде што ќе прославиме за сите убави нешта во 2019.

Може ли наскоро да очекуваме уште некој познат бренд кој ќе биде дел од „Fashion Group“?

Fashion Group постојано работи со цел да ги приближи светските модни брендови што повеќе до нас. Така ќе биде и годината која ни доаѓа. За секој нов проект ќе бидете своевремено информирани.

Какво парче облека треба секој љубител на модата да го носи во овој празничен период?

Мој најискрен совет е да се намали со униформираноста и да се носи она што му лежи на секој човек. Што помалку вратоврски и неудобни “стегнати” парчиња, а што повеќе “cozy” дуксери, блузи, пуловери и обувки во кои ќе се чувствувате удобно и свое.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button