Јован е копија на тато: Мицкоски го покажа синот и му го честиташе роденденот
Синот на македонскиот политичар е негова копија.
Мицкоски јавно му го честиташе родеденот на својот наследник.
Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи освен објави поврзани со неговата професија, споделува и семејни фотографии.
ФОТО: Фејсбук / Христијан Мицкоски
Освен што е политичар, тој е и професор на машинскиот факултет во Скопје.
Долги години е во брак со неговата сакана Розе, која по професија е професорка по македонски јазик во гимназијата „Орце Николов“.
ФОТО: Фејсбук / Христијан Мицкоски
Розе и Христијан се запознале уште за време на студентските денови, а во 2005 година одлучиле да го кажат судбоносното „да“.
Денес се родители на две деца, двата сина Јован и Антонио.
ФОТО: Фејсбук / Христијан Мицкоски
Во нивното семејство деновиве имаше прекрасна причина за славење.
Првиот син на парот, Јован, прослави полнолетство.
ФОТО: Фејсбук / Христијан Мицкоски
Гордиот татко роденденот му го честиташе и на социјалните мрежи, а сподели и нивна фотографија.
Мора да се забележи дека Јован е копија на Христијан.
„Секогаш сопственото дете во очите на својот родител е малото и наивно дете, но 18 години се доволно за да човек сфати дека годините си минуваат, а јас колку и да се трудам сепак заедничките моменти се прекратки за да бидат доволни. Синко среќна 18ка, ти посакувам сам да се бориш низ животот и со знаење и труд да ги отвораш сите врати, да носиш правилни одлуки и никогаш да не се разочаруваш од неуспехот, тоа да ти биде мотив за борба и нов успех.
Среќно полнолетство Јован“, напиша Мицкоски.