Реклама
Наши ѕвезди

Јелена Ѓоковиќ НИКОГАШ не изгледала поелегантно – ги покори сите на црвениот килим, а и дамите ги освои со плетенката!

Реклама

Жената на најдобриот тенисер на светот блескаше во полн сјај

На доделувањето на престижната спортска награда Лауреус, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои наградата за најдобар спортист во 2018 година. Тој остави зад себе капитенот на хрватскиот фудбалски тим Лука Модриќ, НБА ѕвездата Леброн Џејмс, светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон и многу други од најдобрите светски спортисти.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BuCkfHnjETy/

 

Маркетинг

Новак дојде на церемонијата на доделување на наградата во друштво на неговата сопруга, Јелена Ѓоковиќ, која се појави во многу елегантно издание. Таа под сивата облека со голи раменици со висок пресек и црн појас, носеше мрежести црни чорапи и асиметрични високи потпетици во иста боја. Нејзиниот накит изгледаше суптилно исто како и шминката, а целото издание го заокружи со плетенкa во косата.

Ноле и Јелена важат за еден од омилените парови на светската јавна сцена, а нивната љубов и складниот брак на многумина им се пример. Тие не се срамат да ја покажат својата љубов и пред останатите, па така беше и на црвениот килим на доделувањето на наградите, каде сите имаа можност да видат како изгледа и нивниот бакнеж.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button