Реклама
Вирално

Јелена Ѓоковиќ кратко одговори за инцидентот на Ноле, а еве која е судијката која тој ја погоди во глава

Реклама

Откако со топче ја погоди судијката и со тоа го загуби правото на натамошно учество на УС Опен, најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, се огласи на Инстаграм.

Откако со топче ја погоди судијката и со тоа го загуби правото на натамошно учество на УС Опен, најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, се огласи на Инстаграм. Ѓоковиќ со одлука на главниот судија е дисквалификуван во 4. коло од УС Опен зошто со топче ја погоди линиската судијка директно во глава.

Маркетинг

Се играше првиот сет, а српскиот тенисер се изнервира зошто го загуби својот сервис. Го удри топчето со рекетот и случајно ја погоди судијката, но поради јасните правила е дисквалификуван.

На судијката и е укажана лекарска помош, а популарниот Ноле се извини и нешто подоцна се огласи на Инстаграм.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/CE0AzAOH2cp/?utm_source=ig_embed

„Целата оваа ситуација ми се чини навистина тажна и празна. Проверив како се чувствува линиската судијка и според информациите кои ги добив, се чувствува добро, фала на Бога. Нејзиното име не можам да го откријам поради заштита на нејзината приватност. Многу ми е жал што и нанесов таков стрес. Не беше намерно. Беше погрешно. Сакам ова непријатно чувство, дисквалификацијата од турнирот, да ја претворам во важна животна лекција, за да продолжам да растам и да се развивам како човек, но и тенисер. Се извинувам на организаторите на УС Опен. Многу сум му благодарен на мојот тим и семејството што ми пружа силна поддршка, како и на моите навивачи зошто се секогаш покрај мене. Ви благодарам и многу ми е жал. Беше ова тежок ден за сите“, порача Ѓоковиќ.

Сопругата на Новак, Јелена Ѓоковиќ на неговата објава на Инстаграм му испрати многу важна порака:

– Засекогаш со тебе, аморе!

https://twitter.com/SVNewsAlerts/status/1302705835110551553

Неговиот противник Пабло Карењо Буста по незавршениот прв сет отиде во четврфиналето на УС Опен.

Американските медиуми откако во неделата се случи инцидентот со Новак Ѓоковиќ почнаа да чепкаат околу судијката која тој ја погоди со топче.

Открија дека станува збор за Лора Кларк, жителка на Овенсборо во американската држава Кентаки.Кларк од ударот со топчето веднаш падна за земја и се фати за грло. Откако забележа што се случи и Ѓоковиќ дојде до неа за да ја провери неговата состојба.

Лора Кларк, инаку е долгогодишен судија на АТП турнејата, љубител е на вино и останатите алкохолни пијалоци, обожува кантри музика, а посебно бендот на Зек Браун.

Инцидентот се случи пред крај на првиот сет, кога резултатот беше 6:5 во корист на 20. носител Пабло Карењо Буста.

Според правилата на турнирот, играчите кои ќе удрат друго лице на теренот можат автоматски да бидат дисквалификувани.

„Играчите во ниту еден момент не смеат физички да злоставуваат ниту едно официјално лице, противник, гледач или друго лице во кругот на локацијата на турнирот“, стои во Грен Слем правилникот.

https://www.instagram.com/p/B2qGtthJVgV/?utm_source=ig_embed

После речиси 10 минути разговор по инцидентот, официјални лица од турнирот одлучија да го искучат Ѓоковиќ од натпреварот, што во тенисот е еквивалент на исфрлање.

Американската тениска асоцијација објави после тоа изјава во која се прецизира дека Ѓоковиќ ќе ги загуби сите бодови на ранг листата и 250.000 долари парична награда која ја освои на турнирот.

https://www.youtube.com/watch?v=-P5BxA7yni4&feature=emb_title

Ѓоковиќ беше во поход за својата 18. грен слем титула во кариерата. Сезоната ја започна со рекорд 26:0.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button