Јелена од „Фчерашни“ го покажа бебето: Малиот Немања ужива во ПРЕГРАТКИТЕ НА МАМА, и двајцата блескаат од среќа!
Ужива со својот наследник…
Нашата позната водителка, Јелена Спасиќ (моминско Богојевиќ), одлучи да сподели фотографија на социјалните мрежи на која е и нејзиното тримесечно бебенце и со која ги воодушеви нејзините фанови.
На фотографијата се гледа како Јелена ужива додека го носи бебето во рацете, кое пак ужива во мајчинската љубов.
Шармантната водителка не ја трга насмевката од лицето, а многумина коментираа дека изгледа прекрасно.
Таа се породи пред три месеци, една недела откако заплови во браните води со нејзиниот избраник Срѓан Спасиќ.
Нејзините фотографии со трудничкото стомаче во венчаница се уште се хит на социјалните мрежи, додека на новите фотографии во главна улога е малиот Немања, нејзиниот пресладок наследник.
Инаку, Јелена која на јавноста и е позната како водителка на емисијата „Магазин“ и како дел од тимот на „Фчерашни“, во една пригода, во интервју за Гламур магазин, откри дека е најсреќна кога времето го поминува со своите најблиски. Таа не крие дека ова е најубавиот период во нејзиниот живот и дека максимално ужива во мајчинството и кога е со Немања.
Таа пред да стане водителка беше манекенка, а овој период од животот секако дека и помогна и за брзо време по бременоста повторно да ја врати својата линија. Таа како малечка глумеше и во серијата „Наше маало“, кога на осумгодишна возраст ја играше улогата на малата Матеа.
Јелена денес важи за едно од омилените телевизиски лица на нашите екрани, а мошне активна е и на социјалните мрежи.
Повеќе нејзини фотографии погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Јелена Богојевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Богојевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Богојевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Богојевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Богојевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Богојевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Богојевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Богојевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Богојевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Богојевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Богојевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Богојевиќ