Реклама
Наши ѕвезди

Што му прорече познатата гатачка на Боки 13 уште во 2008 година

Реклама

Контроверзниот Бојан Јовановски попознат како Боки 13 има широк круг на пријатели.

Меѓу нив е и гатачката Сабина за која тој своевремено велеше дека е кралица, а таа го бодреше и не сакаше да слушне ниту еден збор лошо за него. Тој е прекрасно на мамичка детенце, исто како мојот син, порача гатачката во својата емисија „Тарот со Сабина“ уште во 2008 година.

Маркетинг

Еве што велеше таа тогаш:

Што му прорече познатата гатачка на Боки 13

Инаку, Боки деновиве е во центарот на вниманието поради неговото апсење од страна на ОЈО заради „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари“. Нему му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и во моментов се наоѓа во ќелиите во хашкото одделение во Шутка.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Кој е Боки

Бојан во минатото „фураше“ многу поразличен имиџ од оној што го носи сега. А токму имиџот беше една од главните работи поради стана познат во регионот. Тој тогаш имаше 130 килограми, носеше женска облека и се шминкаше, и благодарение на неговата појава беше еден од најпознатите шоумени и тоа не само во Македонија, туку и во целиот регион. А по некое време заплови и во музичките води …

Арена Б-13

Тој имаше и своја емисија на телевизија „Пинк“ која се викаше „Арена Б-13“, а во 2012 година го објави албумот „Не плаши од огледалото“ со кој заплови и во музичките води.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Беше и дел од реалните шоуа „Фарма“ и „Големиот брат“, каде отворени и директно зборуваше со останатите учесници и поради тоа се караше со нив.

Боки без вишокот килограми

Бојан непосредно пред да биде уапсен „фураше“ посебен моден стил и важеше за една од најоригиналните машки модни икони на Балканот, па и пошироко.

Фото: Принтскрин/ јутјуб

Тој минатата година ја отвори и сопствена телевизија 1 ТВ во која покани многу познати новинари од Македонија, но и ѕвезди. Па така кај него емисија доби и Тијана Дапчевиќ (43), а неговата телевизија беше првата адреса на која се појави Тамара Тодевска откако се врати во Македонија по генијалниот настап на Евровизија.

Боки како лек за досадниот Балкан

Боки досега многу пати ја има покажано и својата хумана страна помагајќи им на овие на кои помошта им е најпотребна, поради што до неодамна многумина го фалеа.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

„Да ви кажам нешто, искрено, не се враќам медиумски за да заработам пари, туку заради луѓето кои ме сакаат, а и за малку да ги нервирам оние другите. Досадно е, ништо не се случува. Јас сум лек за досадниот Балкан!“ – изјави Боки 13 пред неколку години кога го најави враќањето во медиумите. Тој очигледно тоа и го направи, а како и неговата трансформација во справувањето со вишокот килограми и неговото „враќање“ во медиумите беше вистински шок.

И сé уште е …

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button