Прекрасна млада дама која за кратко време стана една од омилените инфлуенсерки на Инстаграм во Македонија. Со нејзината магична насмевка Ангела Тасева плени. Тасева е студент на Правниот факултет, уште од млада своите интереси ги наочува кон политиката и веќе осум години е дел од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Ангела ја сака Македонија од дното на душата, гордо го вее македонското знаме во секоја можна пригода.
Фото: Приватна архива
За тоа кое и е омилено место во татковината, за нејзиниот начин на живот, за триковите со кои го зголемува бројот на следачи на иснтагарм (моментално над 40 илјади следбеници), и многу други интересни прашања читајте во продолжение низ интервјуто кое го направивме со неа.
За почеток како ви поминува летото 2023. дали бевте на одмор и какви се вашите планови до крајот на сезоната?
Искрено не паметам вакво лето, јуни беше дождлив, јули премногу топол, но отсекогаш максимално сум го користела летниот период, бидејќи брзо ми поминува, а јас сум вљубена во летото, па сакам да ми биде исполнет со активности, дружење, шетање и плажа. Изминатите два месеци ги користев викендите за уживање во Грција и Охрид.
Фото: Приватна архива
Одморот го започнав од 1ви, а ќе го завршам на 20ти. На одмор се уште не сум била, но на 7ми заедно со дечкото и пријатели ќе одиме на Тасос. До крајот на сезоната имам девојачка забава, свадби, така што ќе гледам потполно да уживам во ова лето 2023, а може и повторно да се искористи продолжен викенд некаде во близина.
Ќе ни откриете ли како успеавте да изградите толку автентичен стил?
Отсекогаш сум била посветена на модата. Од мали нозе сум појавила желба за штикли, чанти, шминки. Често пати знаев да шетам дотерана по дома, низ ходник, замислувајќи се дека сум на модна писта.
Фото: Приватна архива
Хммм, автентичен стил … сакам да бидам своја, се чувствувам убаво во сопствената кожа, не одбирам и не носам облека која не ми прилега, не се срамам од тоа како изгледам, сакам и во иднина ќе се трудам да го одржувам телото (вежбам,слабеам), но никогаш не би сменила нешто на себе. Мислам дека ова се клучните работи.
Вие сте дел од Ивршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Што значи да се биде дел од една ваква организација?
Повеќе од 8 години сум дел од политичкиот подмладок на ВМРО-ДПМНЕ. За мене УМС е фамилија, таму имам луѓе кои во секое време се тука за мене, а и јас за нив. Мене УМС ме научи да препознавам, разликувам, размислувам, па да одлучувам, ме научи на љубов, лојалност, мотив за повеќе. Да се биде дел од УМС, значи да се знае што е вистинска одлука доколку сакаш да станеш човек. Благодарна сум за секој изминат час,ден,месец во УМС.
Фото: Приватна архива
Што значи по дефиниција да се сака Македонија?
За мене едно од потешките прашања, да се сака треба да го чувствуваш од внатре, да ти буди страст и да ти биде опсесија…
Да се сака Македонија, значи да се љуби секој ден. А, да се љуби секој ден, значи дека треба да се бориме за неа, да сме среќни што живееме тука, да ја градиме и чуваме.
Јас силно ја љубам, за мене е најсветлата точка на целово црнило што е околу нас. Тука останувам и се што е мое ќе остане тука.
Дали младите ја сакаат доволно татковината, каков е вашиот впечаток?
Да, Македонија има свои деца, има доволно, а можеби и повеќе од доволно деца кои сериозно, искрено и од срце си ја сакаат.
Дали младите ја следат и разбираат политиката?
Политиката е процес на кој треба многу посветено време. Мислам дека помладиве генерации не се посветуваат на политиката и на политичките случувања, но за тоа до некаде сме виновни и ние, кои се занимаваме со политика.
Фото: Приватна архива
Кои се најубави локации во нашата држава според вас, а кои треба задолжително да се посетат?
Според мене, Македонија ми е убава каде и да одам, но ако морам да издвојам неколку локации тоа би биле Битола (Национален парк Пелистер и Широк Сокак), Охрид (Охридско езеро), Маврово и Берово со нивните прекрасни планински предели и Крушево градот на Илинденското Востание и создавањето на Крушевската Република.
Фото: Приватна архива
Каде ги носите гостите од странство и како им ја претставувате Македонија?
Кога доаѓаат гости од странство, сакаме да пробаат и видат се што е необично, а наше, спомен куќи, храна, винарии, лозја, археолошки наоѓалишта, амфи театри … Дефинитивно најважно ни е да почувствуваат колку се разликуваме од другите балкански држави.
Фото: Приватна архива
Каде бевте последне пат вие на прошетка?
Последен пат бев во Охрид, вчера се вратив. (хахахаха)
Фото: Приватна архива
До каде сте со образованието, вие сте правник ако не се лажам…Дали покрај политиката се занимавате со нешто друго?
Да, правник сум и единствена причина поради која сум на Правен факултет е неправдата, не ја сакам и така ќе остане засекогаш. Покрај политика, инстаграм и мојата работа како асистент на Претседател на Совет во Град Скопје (моментално), не се занимавам со ништо друго, затоа што сметам дека доволно се вложувам таму каде што сум потребна, а сум човек кој останатиот дел од времето сака да си го посвети на семејството, дечкото, другарките и во иднина моите деца.
Фото: Приватна архива
Да се навратам повторно на тема мода, што ќе им препотачате на нашите читателки како must-have парче за ова лето?
Must-have парче за ова лето препорачувам фустан со гол грб, а зошто? .. на ова топло време дефинитивно клима во движење (хахахахаха), се шалам, комотно е, но какво и да е, во една боја или шарено, може да се комбинира на секакви обувки и одговара за секаква прилика.
Фото: Приватна архива
Имате ли посебен третман за летниот период за нега на кожа и коса?
Јас сум човек кој обожава сонце, се печам можеби и повеќе од гуштер, но тоа не ви го препорачувам, од искуство. Мора да се нанесува заштитен фактор, мора да се хидрира кожата со млеко за тело или лусион и мора да се користат препарати соодветни за вашата кожа, односно да почуствувате дека кожата го бара и го сака тоа со кое ја „храните“. Пред да одам на плажа, на косата нанесувам кокосово масло или маска за коса, ја врзувам во репче или пунџа и во таа состојба ми е во текот на целиот ден. После плажа, ја мијам, ја сушам со фен, но ја оставам и малку мокра,затоа што толку топлина не е здрава за косата во летниот период.