Јанко „Јади бурек“ имаше тешка операција – водителот во болничка постела, се огласи и ги загрижи фановите
Познатиот македонскиот водител се огласи од болничка постела.
Јанко Илковски подлегнал на тешка операција и детали за својата состојба соопшти на социјалните мрежи.
Јанко долги години е водител на емисијата „Јади бурек“, која е една од најгледаните емисии во земјава.
ФОТО: Инстаграм/ Јанко Илковски
За него не постои средина, или го обожаваат или го мразат, но сепак неговата емисија е најгледана.
Јанко е активен и на социјалните мрежи, каде сега сподели фотографии со кои ги запрепасти своите фанови и следбеници.
ФОТО: Инстаграм/ Јанко Илковски
Имено, водителот морал да подлегне на тешка операција на стапалото, но сепак откри дека сѐ поминало во најдобар ред.
За жал, извесно време неговата емисија нема да се емитува на малите екрани.
ФОТО: Инстаграм/ Јанко Илковски
„На клиника сум за пластича хирургија. Имав лоша, многу лоша, повреда, а др Туџарова ме оперираше и успеа да ми ги спаси прстите. Некое време ќе отсуствувам од програмата. Фала за поддршката“, напиша Јанко, а потоа надополни:
„Лоша повреда, операција успешна, закрепнување во процес. Прстите спасени…. засега …ќе биде ок“.