Јаневска се coблече покрај Охридското Езеро и се фати за трската – ФОТОГРАФИИТЕ се хит на Инстаграм, погледнете!
Пејачката откри од каде и е мезето
Коментарите на социјалните мрежи не престануваат да се редат, додека Јаневска ужива покрај Охридското Езеро.
Познатата пејачка и виолинистка Андријана Јаневска реши да си ги наполни батериите покрај нашето „море“, а како изгледа во костим за капење откри на Инстаграм.
Имено, пејачката на Инстаграм објави неколку фотографии од кои можеме да видиме како лови риби облечена во костум за капење, а она што исто така ги воодушеви нејзините фанови е и нејзиниот костим за капење. Во прашање е асиметричен едноделен модел со карнери, а како и стоеше овој модел на убавата Јаневска погледнете во продолжение.
„Плашици на бели црви и по некој клен на пченка. Мезе за натпреварот!“, напиша пејачката под нејзините фотографии што ги објави вчера непосредно пред натпреварот Македонија – Украина.
Таа потоа објави и една фотографија на која е со своето семејство, кои се бањаат додека таа ужива во јунското сонце.
Од фотографиите можеме да видиме дека Јаневска е во топ форма, но и дека има хоби од кое сите се изненадија.
Но можеме да заклучиме и дека пејачката води грижа за својот физички изглед, па затоа сега сите жени можат да и завидуваат на линијата.
Инаку, Јаневска од 2009 година е во брак со Драган Гиновски – Гино, познат македонски гитарист.
Tие имаат два сина, Димитар и Кристијан, а сопственици се и на музичкото студио Гиновски.
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска