„Ја силувал пред 15 години“: Застрашувачки тврдења на таткото на жената која го избоде Сакис на сред улица

Вистинските мотиви на злосторството се уште не се познати, а сопругата на Сакис од тераса го гледала својот сопруг како умира
Полицијата и обвинителството се уште се обидуваат да го утврдат вистинскиот мотив за убиството на Сакис Н.(43), кој во саботата околу 8 часот беше избоден со нож пред неговата зграда на Халкидики.
Кога заминувал на работа и сакал да влезе во автомобилот, бил избоден од жена (38), која ја познавал подолго време, со два ножа.
Грозоморното злосторство се случило пред очите на сопругата на Сакис, која излегла на терасата кога слушнала врисоци.

Полицијата го пронашла несреќниот Сакис во локва крв во близина на возилото. Едниот нож му излегувал од грбот, додека другиот бил покрај автомобилот. Осомниченатат за убиството била фатена како стои малку подалеку во крвава облека.
Најпрвин се веруваше дека тоа е љубовницата на Сакис, но потоа се покажа дека убиецот е сопруга на најдобриот пријател на Сакис, кој го познава од детството.
Наводно, Сакис пред две години сакал да поднесе барање за забрана за приближување против неа, бидејќи таа го демнела.
Адвокатот на семејството на Сакис се присети како, шест месеци по венчавката, Сакис дошол во неговата канцеларија со сопругата и се пожалил дека има проблеми со сопругата на неговиот најдобар пријател, го демне и малтретира, и сакал да бара ограничување. Сепак, Сакис на крајот разговарал со својот другар и малтретирањето престанало.
„Од тогаш до сега, наводно, немало никаков проблем, барем не за кој сум свесен“, изјави адвокатот викендов.
Сопругата на убиениот негира дека Сакис имал некаква емотивна врска со осомничената, а неговиот брат истакнува дека таа била опседната со него и дека му праќала пораки со зборовите: „Никој друг нема да те има, само јас!“.
„Брат ми се пожали дека има проблеми со неа, дека го брка затоа што мислела дека се во врска. Го прашав дали е вистина и дали има нешто со неа. Тој ми рече: „Секако дека не, дали си луд?!’Mу реков да му каже на сопругот сè затоа што цел живот се пријатели. Тој ми кажа дека и верувал на сопругата. Тогаш му реков да оди на лекар“, и рекол братот.

И додека во медиумите одвреме-навреме се појавуваат нови детали за ова грозоморно убиство, се огласи и семејството на осомничената, тврдејќи дека таа им се доверила дека Сакис ја силувал пред 15 години.
“Последниве години се однесува чудно. Се изолираше, не се јавуваше на телефон, не се грижеше за куќата како порано. Ни спомна дека сака да се разведе, а ние ја убедувавме да не го прави тоа. Ја прашавме да ни каже што е проблемот, а таа рече дека Сакис ја силувал една вечер пред брак. Никому не кажала, не го ни пријавила. Ни кажа и како зборувал по селото за тоа дека имал спиено со неа. Тоа го слушнал нашиот зет, па ја тепал… Ја видовме со сино око“, тврди таткото на осомничената.
И нејзините родители велат дека таа во последните месеци се однесува чудно. Дека кога и да одевме да ја посетиме, ги наоѓавме спуштените ролетни, дека воопшто не влегла светлина во станот.
Дури и мојот зет ми се пожали и ми рече дека ќе се разведеше да немаа деца“, наводно изјавил за медиумите таткото на осомничениот.




