Ја победи болеста и сега ужива во убавините на животот – водителката Лила БЛЕСКА како никогаш досега
Многумина се изненадени кога ќе слушнат колку години има оваа наша позната дама
Познатата водителка со својот атрактивен изглед и беспрекорни модни комбинации никого не остава рамнодушен.
Шармантната водителка Лила Филиповска важи за една од најубавите жени меѓу нашите познати дами.
Таа со својот атрактивен изглед и елегантен стил е една од оние жени кои секогаш го привлекуваат вниманието, а нејзините верни обожаватели се воодушевуваат од секоја нејзина објава на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
И речиси да нема ден, а Лила да не објави нешто на своите профили, така што важи и за една од најпознатите Македонки на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Но и покрај тоа што има голем број обожаватели кои ја следат речиси секојдневно, многумина беа изненадени кога слушнаа дека оваа наша позната убавица деновиве го прослави својот 52-ри роденден.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, водителката пред неколку дена замина на едно волшебно патување заедно со уште неколку свои пријателки.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа ги спакува своите куфери и одлета во Венеција, каде во еден познат ресторан го прослави својот роденден.
Облечена како да е во прашање некоја сцена од легендарниот филм „Појадокот кај Тифани“, во црн фустан и со огрлица со бели бисери, убавата водителка покажа како го слави животот и како максимално ужива во него, посебно по победата на тешката болест со која што се соочуваше во изминатиов период.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Познато е дека Лила има два брака зад себе.
Фото: Фејсбук/ Лила Стојановска
Последниот пат на лудиот камен застана со гитаристот на групата Арија, Орце Димитровски, додека од првиот го има синот Филип.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа и покрај тоа што си го има вратено своето моминско презиме Стојановска, во јавноста се уште е позната како Филиповска.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Впрочем така пишува и на нејзиниот Инстаграм профил, додека на Фејсбук денес стои нејзиното моминско презиме.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Исто така малкумина знаат и дека Лила е родена во Шведска, каде живеела 12 години, пред да се врати во Македонија.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа е родена на 15 октомври 1971 година, а покрај водителската кариера таа краток период се занимаваше и со музика, а по подолга пауза во 2021 повторно се врати со нова песна.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа тогаш заедно во дует со Филип Пешевски ја сними песната „Тешко мене со тебе“ со која ги воодушеви своите фанови.
Како Лила изгледаше пред десетина години, но и како ужива сега, погледнете во галеријата во рамките на овој текст.