Ја напушти Македонија, па сега со песна ги развеселува Балканците што живеат далеку од дома (видео)
На овие простори стана познат по „Ѕвездите на Гранд“

Македонскиот пејач по учеството во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ ја освојува и англиската сцена…
Младиот пејач од Македонија со адреса на живеење во Париз по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ продолжи со својата кариера.
Станува збор за пејачот Даниел Тренчовски кој и покрај тоа што живее далеку од Балканот, реши да се пријави во шоуто и не згреши.
Принтскрин/ Јутјуб
Имено, Даниел покрај тоа што не стигна до самото финале, луѓето од Балканот слушна за него, па така и интересот за неговите настап се зголеми. И како што пренесува „Гранд.онлајн“, Тренчовски иако веќе со години живее во главниот град на Франција, сега планира да настапи и во Лондон, на почетокот на април.
Потсетуваме, Даниел при крај на минатата година објави и спот за неговата песна „Колекционер“ со кој доживеа голем успех.
Песната има преку 700.000 прегледи што воопшто не е мала бројка, а неговите фанови имаат само пофални зборови за неа.
Принтскрин/ Јутјуб
Како тој звучеше во својот спот, но и како изгледа сега, погледнете во видеото и галеријата во продолжение…
Инаку, Даниел веќе долго време живее во Франција, каде исто така се занимава со музика и настапува низ тамошните клубови.
Инстаграм
Талентот за музика го има наследено од својот татко кој исто така е музичар, кој му купил клавијатура кога имал само пет години.
Инстаграм
Тој денес настапува низ клубовите во Европа, а овој април прв пат ќе настапи и пред нашата дијаспора во Англија.