Реклама
Препораки

“Ја мразев мајка ми, се чувствував како таа да е срамота за нас“

Реклама

Додека растеме, често ги нервираме нашите родители и тоа е природен процес за сите нас. Кога сме млади и бунтовни, не ги разбираме нивните одлуки и постапки, мислиме дека ќе не посрамотат, а не ни сфаќаме колку тие се жртвуваат за нас.

Она што другите ни го говорат станува поважно за нас. Во еден дел од животот сфаќаме колку сме биле сурови со нашите родители, а често тоа е предоцна.

Во својата приказна „Мојата мајка има само едно око“, авторот открива за својот однос со неговата мајка. Тој вели:

Маркетинг

Ја мразев, се чувствував како таа да е срамота за нас. Таа работеше во моето училиште и готвеше за учениците и учителите. Еден ден, таа влезе во моето одделение за да ме поздрави. Подоцна, пријателите ме задеваа за тоа. Ми беше срам. Скоро пропаднав во земја и посакав таа да не ми е мајка.

Кога повторно ја видов дома и реков дека ме посрамотува и дека е подобро да умре. Таа ништо не ми одговори, само немо ме гледаше. Не престанав никогаш да размислувам за тоа што и го кажав, бев само лут. Не ми беше грижа за нејзините чувства. Само сакав да си отидам од дома и никогаш да не ја видам повторно.

Маркетинг

Учев многу и добив можност да студирам во Сингапур. Таму и се оженив, станав татко и купив убава куќа. Бев среќен и задоволен. Но, мајка ми еден ден дојде на посета. Се појави на мојата врата, сакајќи да ги види своите внуци, а јас повторно викав на неа: Како доаѓаш вака одеднаш и ми ги плашиш децата? Таа не рече ништо, само тивко рече: изгледа ја погрешив куќата.

Неколку години подоцна, добив писмо. Бев поканет на годишница на матурата. На сопругата и реков дека одам на службен пат. По прославата, отидов до мојата куќа. Соседите ми рекоа дека мојата мајка умрела.

Не пуштив ниту една солза. Тие ми дадоа само едно писмо, за кое ми рекоа дека е од неа.

„ Драг мој сине, мислев на тебе цело време. Прости што дојдов до твојата куќа и ги исплашив твоите деца. Ми беше драго кога слушнав дека си успеал во животот и посакав да те видам. Жал ми е што секогаш ти бев товар и срамота. Сакам да знаеш дека кога беше мал, се случи несреќа во која ти го изгуби окото.

Не сакав да поднесам да растеш без едно око. Докторите те прегледаа и рекоа дека никогаш нема да прогледаш. Јас сум онаа која ти го даде своето око. Бев горда дека мојот син ќе гледа и ќе го види светот за мене“.

Не постои жртва која мајката не би ја направила за своето дете. Никогаш не го заборавајте тоа и не ги осудувајте своите пријатели. Тие секогаш се тука за среќата на своите деца, да дадат се од себе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button