Ја запознал додека го шетала кучето и сега не може да ја исфрли од главата – напиша драматична порака и се надева дека ќе му се јави
Понекогаш за љубов сме подготвени да направиме се’
Едно момче од Дуго Село во Хрватска додека се шетал случајно запознал девојка која многу му се допаднала, но не реагирал на време за да го земе нејзиниот број па сега бара помош од граѓаните. Тој оставил порака на бандера на фреквентна локација во центарот која веднаш стана хит.
Во прашање е извесна Сандра која по негова процена има од 25 до 30 години и која го шетала своето куче во паркот кога се сретнале. Толку бил фасциниран од неа што и по месец и половина мисли на неа.
Вели дека не бил сигурен дали нејзиното куче беше бело или црно-бело, но сигурен е дека повторно сака да ја види.
Те молам, јави се, пишува на крајот од пораката.
За боло каква информација поврзана со девојката нуди дури и 4000 денари. Само не пишува дали му е доволен контакт од избраничката или очекува состанок.