Ѕирнете како изгледа омиленото место во куќата на 94 годишната МАКЕДОНСКА супер бабичка каде што ужива со пријателите!
Оваа жена никого не остава рамнодушен…
Шармантната Добрила Ивановска Чабриќ има 94 години, а додека се натпреваруваше во „Никогаш не е доцна“ многумина ја нарекуваа „Супер бабичка“.
Таа и покај своите години ужива во животот со полни гради, радувајќи му се на секој нов ден како да и е последен.
Мојата куќа секогаш е полна, постојано имам гости. И кога е најтешко само помислите на нешто убаво, најубаво, бидејќи животот е краток и затоа треба да го следиме. А тука е и љубовта, најважната работа на светот, порача Доби од својот преубав Дојран каде ги минува деновите, уживајќи со пријателите покрај преубавото езеро, но и во својот двор кој и е омилено место во домот.
Како што самата вели, и покрај годините, таа живее живот кој е краток и убав, и дури сега ја гледа убавината на животот.
Со неа времето брзо поминува, открива таа самата, а и короната не и пречеше да живее со полни гради и да им се радува на работите што ја прават среќна.
Инаку, оваа неверојатна жена во моментов ја пишува и својата автобиографска книга што треба да излезе кон крајот на јули.
Таа во Дојран го прослави и својот 94 роденден, кога најблиските и приредија вистинско изненадување.
Добрила беше омажена со Миленко Чабриќ со кого имаше еден син, кој за жал повеќе не е меѓу живите.
Инаку оваа неверојатна жена е и доајенка на Македонскиот народен театар и естраден уметник. Родена е на 1 февруари 1928 година во Бариќ кај Голубац во близина на Пожаревац, Србија, а од 1946 година работеше во МНТ и играла во првата претстава на македонски јазик „Платно кречет“.
Во продолжение погледнете како ова супер бабичка ужива во животот, кој го збогатува со разни активности покрај Дојранското Езеро.
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ
Фото: Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ