Реклама
Наши ѕвезди

Ѕирнете во луксузната вила што ја поседува фолкерот од Македонија во Турција – раскош на сите страни!

Во дворот огромен базен, зеленило - вистински рај!

Реклама

Пејачот има огромен базен во дворот

Јашар Ахмедоски во едно летувалиште во Турција поседува огромна луксузна куќа со голем и луксузен базен во дворот.

Местото во кое што пејачот со потекло од Македонија поседува куќа важи за монденско и не е гужва како во Анталија.

Маркетинг

Како што самиот откри во една пригода, во Турција најмногу сака да оди во мај и јуни, додека јули и август ги избегнува затоа што се многу жешки. Пејачот потоа во септември и октомври повторно се враќа и поминува некое време тука, и така секоја година откако ја има куќата со својата сопруга ужива на ова место.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Јашар Ахмедоски

Тој со својата сопруга Снежана е заедно од 1982 година, а во брак се две децении. Како што самиот истакна во една пригода во интервју за српскиот портал „Ало“ тие одлучиле да се венчаат затоа што во медиумите неговата сакана новинарите постојано ја споменувале како „невенчана сопруга“.

Фото: Инстаграм/ Јашар Ахмедоски

Тие се запознале кога Јашар имал 18 години, а досега никогаш не криеле дека единствена неостварена желба им е тоа што немаат деца, па затоа се уште размислуваат дали да посвојат дете.

Фото: Инстаграм/ Јашар Ахмедоски

Навистина сакам деца, се трудевме, но не ни беше судено. Тоа е единствената работа што не успеав да ја остварам во животот, вели тој.

Фото: Инстаграм/ Јашар Ахмедоски

Потсетуваме, Јашар во 1994 година доживеа страшна трагедија кога неговиот брат Ипче загина во сообраќајна несреќа.

Фото: Инстаграм/ Јашар Ахмедоски

Како што самиот вели, тогаш целиот живот му се свртел наопаку, песните што му ги има посветено избегнува да ги пее.

Принтскрин/ Јутјуб

„Тешко да заплачам, но кога ќе слушнам негова песна, да. Тогаш ме совладуваат емоциите. Татко ми и мајка ми починаа од тага за него“, изјави популарниот пејач во една пригода во емисијата „Премиера, викенд специјал“.

Инаку, Јашар е роден во Пласница, прилепско, а татко му кој бил лекар го убедил да се запише средно медицинско во Сараево.

Фото: Инстаграм/ Јашар Ахмедоски

Тој пораснал во големо семејство, со сестрата Ава и тројца браќа од кои Ипче, кој исто така беше пејач, загина во сообраќајна несреќа.

Фото: Инстаграм/ Јашар Ахмедоски

Во продолжение слушнете ги песните што Јашар му ги има посветено на својот брат кој важеше за еден од најдобрите, но и најубавите пејачи на просторите од поранешна Југославија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button