Ѕирнете во домот на познатата Македонка – во сите соби преовладува ова, а и каминот е фантазија!
Популарната македонска дизајнерка често снима токму во својот дом, а сега покажа и како украсила.
Мајаја Кикириткова го има уредено својот дом совршено, минималистички, а преовладуваат светлите тонови.
Заедно со сопругот Александар, синот Лазар и ќерката Ева живее во населбата Ѓорче Петров.
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
По професија е моден дизајнер, како и професор на ААБ Универзитетот во Приштина.
На својот Инстаграм профил честопати споделува инспиративни видеа и ги учи младите девојки како да ги комбинираат парчињата облека кои ги поседуваат.
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
Честопати видеата ги снима токму во својот дом, па публиката има можност да види како ѝ е уредено.
Подот во бела боја е всушност микрецемнет и така е низ целата куќа.
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
Дизајнерката вели дека овој материјал е лесен за одржување, бидејќи нема фуги ни лајсни.
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
Маја овој пат покажа како го украсила домот за претстојните новогодишни прази и ги воодушеви следбениците.
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
Дизајнерката по тој повод позираше и покрај својата тазе накитена елка облечена во свечен црвен елегантен комбинезон.