Интервју со Горан Ѓуровски …
За хуморот и сатирата поразговаравме со Горан Ѓуровски или уште за јавноста познат и како Ѓуро Зевзек. Горан на многумина им познат од една од најхумористичните емисии кои во моментов се емитуваат во македонскиот етер – „Зевзекманија“, а за други пак од новите македонски народни приказни кои се емитуваат на телевизија Канал 5. За себе вели дека се уште не е актер, туку само новинар кој повремено глуми и дека сите ние во животот глумиме по некоја улога. Еве што друго ни открива овој интересен лик..
Како се роди љубовта кон актерството?
Уште не е родена. Можеби еден ден кога ќе станам актер. Сега сум новинар кој повремено глуми. Уствари сите ние во животот глумиме по некоја улога. Јас сум актер аматер.
Што е потребно за еден скеч да биде доволно сатиричен и успешен?
Потребно е тема, теза и добар заклучок.
Ви замеруваат ли политичарите за хуморот и сатирата што ги правите на нивна сметка?
Досега никој не замерил, напротив и тие самите се смеат на себе кога ќе се познаат во скечот, се има случено да не сретнат и со насмевка да не поздрават.
Кој ви е омилен лик за инспирација?
Омилени ми се сите ликови од топ листа надреалиста.
Може ли во Македонија да се живее од хумор?
Може ако сам се смееш по улици па луѓето од сожалување да ти фрлаат по некоја паричка. Искрено не знам, не сум пробал да работам надвор од тоа што го работам, а од тоа што го работам земам плата како и секој вработен во Македонија.