Ѓорѓе Давид ја покосил жената што загина во несреќата кај Табановце (ВИДЕО)

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска, а во која учествуваа две македонски и едно српско возило, во која настрада една жена, учествувал српскиот рокер и член на жирито на „Звезде Гранда“ Ѓорѓе Давид.
Тој за српскиот печат изјави дека глетката била страшна, дека полицијата му направила алко-тест кој покажал дека нема алкохол во крвта, а дека во болница му ја зашиле повредената рака.

Давид за медиумите изјавил дека веднаш се видело оти тој нема вина за несреќата, туку дека наводно виновна е жената која возела во спротивна лента и која во автомобилот била со мајка ѝ и која излегла од возилото. Тој ќе остане во македонија до завршувањето на законските постапки.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановце во која едно лице го загуби животот.
Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, “Фолксваген поло” со кумановски и “Фолксваген голф” со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока.

По тој првичен судар, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил “Опел инсигниа” со српски регистарски таблици. Од ударот жената се здобила со тешки повреди од кои починала.
Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и за испитување на примероци од крв и урина на другите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди.
Прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.
Во изјава за српските медиуми, Ѓорѓе Давид објаснува дека со возилото удрил во жената која била на автопатот и по ударот излетал.




