Вести

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија, пасошот не му е вратен – ОЈО потврди дека утрово се јавил во судот

Advertisement

Српските медиуми од свои извори веќе објавија дека на Ѓорѓе давид веќе му е вратен пасошо, дека се вратил во Србија и за утре закажал прес конфернција.

Наспроти информациите од српските медиуми македонското ОЈО, пак, информира дека на Давид пасошот се уште нему е вратен и дека не ја има напуштено Македонија.

Advertisement
Принтскрин

-Основното јавно обвинителство Куманово ја известува јавноста дека мерките на претпазливост определени спрема странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце се уште се на сила. Согласно информациите кои ги има обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во Судот.

Резултатите од наредените вештачења неопходни за да се расчистат причините за сообраќајната несреќа се уште не се пристигнати до обвинителството, информираат од ОЈО.

Ѓорѓе Давид беше задржан во Македонија откако на 20 јануари на магливиот пат кон Табановце во Македонија удри жена која излегла од својот автомобил по претходен инцидент со друго возило. Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button