Вести

Ѓорѓе Давид го загуби татка си во сообраќајна несреќа: „Бев со него во автомобилот, тој остана мртов на лице место“

Advertisement

Музичарот и член на жирито на „Ѕвезда Гранда“, Ѓорѓе Давид утрово доживеа сообраќајна несреќа во Македонија, во која загина една жена.

Тој за српскиот печат изјави дека глетката била страшна, дека полицијата му направила алко-тест кој покажал дека нема алкохол во крвта, а дека во болница му ја зашиле повредената рака.

Advertisement

Давид за медиумите изјавил дека веднаш се видело оти тој нема вина за несреќата, туку дека наводно виновна е ѓената која возела и која во автомобилот била со мајка ѝ и која излегла од возилото. Тој ќе остане во македонија до завршувањето на законските постапки.

За жал, ова не е единствената трагедија во животот на рокерот. Во сообраќајна несреќа го загубил татка си, и во тој момент бил со него во автомобилот.

Ѓорѓе во својата исповед за Гранд зборуваше за најтешкиот момент, а потоа откри дека несреќата била исценирана и дека се се случило поради политика.

– Татко ми Василија ме однесе во драмската секција на Радио телевизија Белград на 10 години и тогаш првпат ги видов Буле Гончиќ, Соња Савиќ, Брстина и други. Татко ми беше член на Сојузот на Комунистите и додека сите гледаа да соберат повеќе пари и викендички, тој не беше заинтересиран за тоа. Беше таен советник во кабинетот на Тито и смртта на татко ми ме натера да ја одберам уметноста, и покрај тоа што сите во семејството беа академски образовани луѓе, доктори, решив да го правам она што слободата ми дозволува и да бидам свој – рече тој за Гранд.

Дaвид потоа со солзи се присетил на моментот кога доживеале несреќа во која загинал неговиот татко, а тој поминал без никакви повреди.

– Тоа беше политичка местенка, оркестрирана. Јас и тој бевме во колата, мене не ми падна влакно од главата, а тој остана мртов на лице место. Но, тој беше и останува авторитет во мојата глава. После тоа ужасно се променив, бидејќи мојот херој беше поразен. Немав ни 15 години и тоа се работите кои го тераат еден млад човек да пукне во глава – изјави Ѓорѓе.

Во големата исповед за Гранд, Ѓорѓе призна дека оваа трагедија имала големи последици во неговиот живот и дека токму поради тоа подоцна тргнал по патот на порокот од кој подоцна избегал.

– Кога ќе изгубите идол на таа возраст, се чувствувате целосно изгубено, несигурно и барате засолниште во лажни авторитети. Во одреден момент отидов под мраз, едноставно не пробав хероин. Тоа траеше една година, многу интензивно.

Благодарение на спортот и семејството, и откако видов дека моите пријатели си заминуваат, решив да најдам излез. Многумина од нив ги испратив на другиот свет, имаше деца на многу познати личности, претседатели на држави, а секоја смрт предизвикуваше болка и потврдуваше дека сум на вистинскиот пат бидејќи избрав уметност и чист начин на живот – рече рокерот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button