Ѓорѓе Балашевиќ доживеа инфаркт! Останува на интензивното одделение – еве што се случи
Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ имаше инфаркт поради што е одложен концертот кој беше закажан за оваа вечер во распродадената дворана „SBB hali Jezero“ во Крагуевац.
Тој е хоспитализиран и се наоѓа во институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица каде му биле ставен стентови.
Како што неофицијално дознава Блиц, пејачот се чувствува добро и наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување.
„Драги крагујевчани и останата екипо која ќе дојдеше вечерва на концерт… жал ми е што морам да ве известам дека вечерашниот концерт се откажува… Животот понекогаш прави планови без нас и смета на нашето разбирање и што друго ни останува… Здравјето во секој случај е најважно и тука тешко што друго би можело да се додаде.“
„Џоле вели дека ќе донесе и лекарско уверение ако има потреба, но јас се сомневам дека некогаш ќе му го побарате.. за некој ден ќе биде се ок, па продолжуваме… Ве молиме за разбирање и трпение, точниот нов датум на концертот ќе ви го кажеме за неколку дена, додека се да си дојде на свое место. Наши сме“, соопшти куќата Балбело, менаџментот на Ѓорѓе Балашевиќ.
Еве што го очекува по болницата
Операцијата ја поднел добро, се чувствува добро, на интензивна нега е и забранети му се посети, пишува Блиц.
А откако ќе излезе од болницата го очекува домашно лекување.
Иако се многу сериозни, ваквите операции влегуваат во рутински и периодот што пациентите ќе го поминат во болницата трае многу кратко, ден или два додека домашното лекување трае значително подолго. Тогаш пациентот мора да внимава на исхраната и да го промени начинот на животот, вели извор од болницата.