Вести

Ѓорге Давид сеуште е во болница, не е исклучено да се бара мерка притвор за несреќата кај „Табановце“

Advertisement

Српскиот пејач и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид удрил во 49-годишната жена од Куманово која вчера загина на автопатот кон Табановце.

Ѓорѓе самиот потврди дека учествувал во несреќата.

Advertisement

„Точно е, се случи несреќа синоќа на третиот километар од македонската граница. Наводно девојка и нејзината сопатничка излегле од своето место и влегле на автопатот во спротивна насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетува на автомобил и директно се судира со него.

Во таа прилика возачот на автомобилот во кој удрила е тешко повреден, а се борат за неговиот живот, додека неговиот сопатник е полесно повреден. Девојката која го возела автомобилот и удрила во неговиот е нагмечена и полесно повредена. Но, нејзината сопатничка не е“, раскажува Давид.

„По несреќата тие останале на автопатот, еден на левата, а другиот на десната страна и минута и пол потоа јас налетувам со брзина која е пропишана со знаци на автопатот и удирам директно во нив.

Со мојот автомобил ја удирам сопатничката која шеташе по автопатот. Имаше магла, запалив долги светла и тоа беше секунда. Налетав на тоа лице кое шеташе по патот. Од јачината на ударот скршнав од автопатот и застанав во некои грмушки. Среќа е што имам јак автомобил, инаку не знам што ќе беше со мене“.

Ѓорѓе вели дека полицијата дошла брзо на увид, и дека му се направени сите прегледи со кои потврдиле дека не бил во алкохолизирана состојба.

Не е исклучено да се бара мерки за обезбедување присуство за српскиот пејач Ѓорѓе Николиќ, познат како Ѓорѓе Давид, како што е одредување на притвор. Тој моментално се наоѓа во болница, каде му се укажала и лекарска помош поради полесен тип на повреди со кои се здобил.

Дали ќе мора да остане во Македонија за да не се попречува истрагата, ќе треба да пресече дежурниот јавен обвинител од Куманово, кој вчера изврши увид по несреќата близу границата „Табановце“.

„Сѐ уште се постапува за расчистување на настанот, штом ќе биде донесена одлука за натамошна постапка ќе има известување“, велат од Обвинителството.

Засега непознати се и резултатите од анализите на крв направени за пејачот. Обвинителството заедно со МВР работат во нивно изготвување, како и во утврдувањето на одговорноста кај возачот, кој прегази жена која била во автомобил што направил сообраќајна несреќа неколку минути порано.

Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и за испитување на примероци од крв и урина на другите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди. Прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа”, велат од Обвинителство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button