Штотуку разбудена и без грам шминка- една од најубавите пејачки во Македонија и во своето 100 % природно издание е нeoдолива!
Убава, природна и едноставно прекрасна се само некои епитети со кои може да ја опишеме.
Девојката со одличен глас и неверојатен шарм изгледа поубаво од кога било. Викторија Лоба својата кариера ја започна многу млада и на само 13 години ја претставуваше Македонија на детска Евровизија.
Таа е родена во Русија, но на 7 годишна возраст се преселила во Македонија заедно со нејзините родители.
Лоба може да се пофали со богата музичка кариера и многу настапи на македонските фестивали, но освен пеење таа одлично се снаоѓа и како актерка.
Викторија има искуство и како глумица. Во 2007 година таа ја играше главната улога во драмата Лолита од Набоков, во македонскиот драмски театар.
Од почетокот на кариерата па досега, Лоба остана доследна на својот стил и го негува природноот изглед. Таа е една од оние девојки кои не се срами да позира без шминка, а тоа го докажа и со последното виде што го објави на социјалните мрежи.
Викторија позира штотуку разбудена, бушава и без трошка шминка, но изгледа божествено како никогаш досега.
Неодамна таа покажа и од кого ја наследила убавината.
Имено таа објави фотографија со најважната личност во нејзиниот живот, а тоа е нејзината мајка Татјана.
Од овие фотографии можеме да видиме дека и нејзината мајка, Татјана Луговаја, е вистинска русокоса убавица.
Тие и двете се русокоси и имаат речиси идентични црти на лицето, па оние што не знаат дека се мајка и ќерка би помислиле дека се сестри.
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба