Реклама
Наши ѕвезди

Што ја расплака Тања Савиќ: Во емисија во живо некои прашања целосно ја скршија па одговори низ солзи

Реклама

Тања Савиќ одлучи да каже нешто повеќе за својот брак со Душан Јованчевиќ, но солзите ја спречија во тоа.

„Игнорирам се што се пишува за мојот брак. Повеќе не ми е важно што излегува за мене. Важно ми е само да си ги гушнам мотие деца. Тоа ми е важно. Два месеци сме раздвоени“, порача Тања.
„Сега ни пристигна нов член во семејството, малечко кученце, малтерзер. Секој ден се слушам со синовите преку видео повик, па им го покажувам, што им е многу забавно. Си играме, се смееме, но тоа не е тоа. Тоа не е пристап во живо“, додаде Савиќ.

Маркетинг

„Многу ми недостасуваат. Тешко им е и на нив, но тие се момчиња, па го прикриваат своето незадоволстов и тоа недостасување на мајката. Престанаа да ме прашуваат кога ќе дојдам. Првите месец дена само тоа ме прашуваа, а во еден момент тоа престана. Јас постојано им зборувам: „Дојдете, мама ве чека, мама ја средува куќата“. Отсекогаш сум сакала да им создадам дом, да им направам куќа, да имаме убаво семејство, но едноставно се сменија околностите…“, се обиде Тања да ја заврши реченицата во телевизиското интервју, но не можеше поради солзите, па само додаде: „Здраво е да се плаче“.

Маркетинг

По бројните написи за нивниот судир, сопругот на Тања за една телевизија откри зошто со децата ја напуштил Србија.

– Со децата заминав во Австралија поради нивна безбедност и секако се враќаме во Белград кога се ова околу ковид-19 ќе се врати во нормала. Така се договоривме со сопругата. Таа мораше да остане во Србија зошто имаше деловни обврски, рече тој.
Душан истакна дека тој и Тања одлично функционираат во бракот и така ги демантираше приказните дека се во лоши односи.

-Ние сме многу вљубени еден во друг и до ден денес. Јас ја сакам мојата сопруга како и првиот ден! Се слушаме двапати дневно. Незгодно е поради временската разлика од 8 часа напред. Се слуша со децата пред спиење и кога ќе се разбудат наутро за на училиште, откри сопругот на пејачката.

Јованчевиќ исто така додаде дека децата се среќни, живи, здрави и задоволни.

– На нив исто така им недостасува мајката, а и мене исто така, признава Душан и додава на крајот:

– Ние сме силни како семејство, се поддржуваме меѓусебно и се тешиме во текот на оваа криза. Но ќе се избориме и се надевам дека наскоро сите ќе бидеме заедно.
Близок пријател на Тања неодамна раскажа дека двојката додека биле заедно во Србија не престанале да се караат и се тргнало наопаку, прво што настапите на Тања се откажале, а потоа и Душан не можел да го продолжи своето лекување од зависности. Поради тие кавги Тања ги собрала сите свои работи и отишла кај родителите во селото близу Смедерево.

„Главен проблем е што Тања не може да ги смири Душан, кој секој час некаде излегува и нешто завршува, а минатата недела дури и бил привден поради кршењето на полциискиот час. Тања се одлучила да сврти нов лист, па го напуштила станот. Душан првично не и дал да ги однесе децата, но потоа сам ги донел во Радинац, по што повторно дошол по нив и ветил дека набрзо ќе ги врати“, додава изворот близок до семејството.

„Бидејќи не го направи тоа, Тања го повика, но тој и рече дека таа ќе мора да се врати и да продолжат да живеат заедно зошто тој синовите не ги дава. Тања веднаш се спакувала и дошла во Белград, каде затекнала празен стан. Кога сфатила дека ги нема детските пасоши, толку испаничила што се јавила во полиција и го пријавила нивното исчезнување. Се исплашила дека можеби Душан ги однел децата во Австралија и нема да може да ги гледа, но во меѓувреме тој се јавил и се потврдило дека само за џабе кренала паника. На крајот двајцата пријавиле обивање на станот, по што Тања се вратила кај родителите но без децата“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button