Реклама
Наши ѕвезди

Што се случува со Весна? Долго време се бореше со овој здравствен проблем, а сега ги загрижи сите

Весна со својата последна објава на Инстаграм ги загрижи своите пријатели и фанови

Реклама

Нашата позната актерка Весна Петрушевска со својата последна објава на Инстаграм ги загрижи своите фанови.

Имено, Весна објави пост во кој зборува за рак, а во пораките под истиот веднаш почна да добива поддршка од своите фанови.

Петрушовска објавата ја посочи како „почеток“, а за ракот напиша дека е патување на кое патуваш сам, но и дека има многу места каде можеш да застанеш и да го земеш лекот, но и дека треба само да сакаш.

Маркетинг

„Во оваа приказна си сам, како што се раѓаме и умираме сами. Во оваа борба ти станува јасно дека времето е твојот најголем непријател“, пишува во својата објава Весна, по што следуваа бројни коментари со зборови на поддршка од нејзините пријатели и фанови.

Маркетинг

Потсетуваме, Весна недамна во гостување кај Стефан Лазаров откри дека заради здравствени проблеми во животот не била во можност да роди дете. Таа на возраст од 31 години дознала дека не може да стане мајка по биолошки пат, па со поранешниот сопруг одлучиле да започнат процедура за посвојување деца.

„Јас пред 17 години отворено зборував за ендометриоза. Тоа Е една болест од 19-тиот век, каде што жената по некои исклучиви неправилности не може да роди. И тоа е во суштина многу болно и јас се имам оперирано двапати од ендометриоза, и тоа тукушто стапив во брак“, изјави тогаш Весна појаснувајќи дека потоа со поранешниот сопруг се обиделе со помош на ин витро да добијат деца.

Но по неколку неуспешни обиди тие решаваат да ги посвојат Мина и Кирил, кога на Весна животот потполно и се менува.

Целото интервју со Весна погледнете го во продолжение…

Неколку коментари што ги доби Весна под нејзината последна објава за ракот

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button