Што се случува помеѓу ќерката на Цеца Ражнатовиќ и Богдана? Фановите шокирани, никој не се надеваше дека ова ќе се случи
Ова никој не го очекуваше од нив
Богдана Ражнатовиќ неодамна со своите сестри Бојана и Наташа лансираа свој моден бренд под името „Billior“.
Познатите сестри креираат облека која што ја продаваат преку Инстаграм, каде што и најчесто ја рекламираат. Но како што пренесуваат српските медиуми, сестрата на Вељко, Анастасија Ражнатовиќ, наводно не сакала да го поддржи иако има голем број обожаватели на социјалните мрежи.
„Анастасија скапо ги наплаќа рекламите на својот Инстаграм бидејќи има огромен број следбеници, но затоа своите пријатели бесплатно ги рекламира кога им е тоа потребно. Шокантно е што на тој начин не и помогна на Богдана, која и е семејство, ако веќе не сака на Бојана и Наташа. Можеби им враќа мило за драго, бидејќи ниту една од нив не ја рекламираше козметичката линија NLK која што неодамна ја пушти во продажба“, вели извор за „Свет“.
Овој весник меѓу другото пишува и дека меѓу нив веќе подолго време владее нетрпеливост, а тоа може да се види и по тоа што Анастасија, и покрај тоа што со Бојана беше пријателка и пред нејзиниот брат да се ожени со Богдана, повеќе не доаѓа на прославите кај Родиќ, ниту пак ги кани на своите.
„Со Богдана е во контакт бидејќи е жена на нејзиниот брат и мораат да се среќаваат, но што точно се случи и кој прв започна војна, не се знае. Анастасија не беше ни на славата на семејството Родиќ, ниту пак на јубиларниот 30 роденден на сестрата Наташа, но ни на раѓањето на синот на Бојана. Исто така, таа не ги покани ни сестрите Родиќ а својот роденден, кој го организираше за голем број луѓе“, заклучи изворот кој ги даде овие информации за српскиот магазин „Свет“.
Инаку, ќерката на Цеца на социјалните мрежи најчесто привлекува внимание токму со својот моден избор.
Тоа можеме да го видиме и од нејзините последни фотографии на кои носи парче со кое инспирираше многу девојки во регионот.
Имено, Анастасија која има повеќе од милион следбеници на Инстаграм и важи за една од најпопуларните девојки на Инстаграм од регионот, покрај својата музичка кариера може да се престави и како инфлуенсерка.
Таа секогаш е облечена според најновите трендови, а нејзините комбинации можат да бидат инспирација на многу девојки.
Така беше и овој пат кога носеше фармерки кои огромна популарност стекнаа во 70-тите години на минатиот век.
Во прашање се тексас панталони со длабок и тесен струк, кој веќе од средината на колковите почнува постепено да се шири во ѕвонест облик.
Пејачката овој модел го комбинираше со портокалова тока и златни сандали со отворена пета кои се совршен избор за преодниот период.
Како таа изгледаше во ова издание, но и неколку хит модни фотографии на сестрите Родиќ, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Наташа Родиќ
Фото: Инстаграм/ Наташа Родиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ