Што се случува на Никола Груевски? По разводот од Боркица, многумина шокирани од ова негово издание, ваков НЕ сте го виделе!
Фотографијата подигна голема прашина…
Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, се уште знае да биде главна тема во медиумите.
И покрај тоа што веќе со години не живее во Македонија, голем дел од јавноста се уште заинтересирана за сé што му се случува во животот, посебно откако деновиве како бoмба одекна веста дека се разведува од својата сопруга.
Во меѓувреме голема прашина подигна и фотографијата на која што поранешниот премиер, облечена во кежуал издание, во маслинеста маичка, се шета низ Будимпешта, а „друштво“ му прави непозната русокоса дама.
Откако оваа фотографија исплива во медиумите, веднаш почнаа да се шират непроверени информации и бројни шпекулации за неа.
И додека на социјалните мрежи се ширеа гласини дека во прашање е новата партнерка на Груевски, „Фокус“ успеа да ја открие приказната што се крие зад оваа „необична“ фотографија за која веќе со денови се зборува.
Имено, вистината за фотографијата Фокус ја објави благодарение на самата жена која што позира со Груевски.
Како што пишува порталот, во прашање е семејна жена и мајка од Македонија, која заради работа често патувала во Будимпешта. И секогаш кога ќе се вратела од овие патувања, некој од колегите и пријателите ќе ја прашал во шега дали го сретнала поранешниот премиер, така што, кога тоа навистина се случило, на едно од своите последни патувања во главниот град на Унгарија, таа културно го замолила Груевски да се фотографираат и тој се согласил.
Истата фотографија била објавена на нејзиниот Инстаграм профил, со намера да се пошегува со пријателите, но еден од нив ја злоупотребил истата фотографија и без нејзина дозвола ја споделил на социјалните мрежи.
Оваа жена сега ќе го тужи лицето што го направило тоа, бидејќи по објавувањето на фотографијата и се случиле низа непријатни искуства, како за неа, така и за нејзиното семејство, па решила јавно да се исповеда за Фокус надевајќи се дека вистината ќе допре до јавноста.
Инаку фотографијата навистина подигна голема прашина во медиумите, бидејќи јавноста го нема видено во вакво издание.
Груевски од ноември 2018 година престојува во Будимпешта, откако мистериозно успеа да ја напушти Македонија.
Тој по неговото заминување од власта е оcyден со повеќе затвоpcки казни – за случајот Тенк за купување на владиниот мерцедес преку МВР е оcyден на двегодишна затворска казна, а токму ова казна беше и причината за неговото бегство од Македонија. Покрај оваа преcyда, Груевски за ТНТ во мај годинава доби деветгодишна кaзна, додека за Талир 2, случајот во кој беше конфискувано партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, е ocуден на шест години.
Покрај ова, за „Плацовите на Водно“, во април оваа година Груевски беше ocуден на седум години, а истиот ден заедно со Мијалков е ставен на црната листа на САД, додека по еден месец Министерството за правда најави дека ќе поднесе ново брање за негова екcтрадиција од Унгарија.
Ако ги собереме сите овие казни, Груевски, доколку некогаш се врати во Македонија, ќе треба да „одлежи“ повеќе од 20 години зaтвор.
Бонус галерија
Никола Груевски на социјалните мрежи
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски