Што мислите, дали 18-годишната пејачка од МАКЕДОНИЈА заслужи повеќе гласови во „Ѕвездите на Гранд“?
Нејзиниот ментор не се согласуваше со своите колеги
Натпреварувачката од Македонија, Милица Трајков (18), во последната емисија од музичкото талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапи во дуел со Сара Миливојевиќ од тимот на пејачката Ана Бекута.
Милица која е во тимот на Александар Милиќ Мили настапи со песни од Калиопи и Јелена Карлеуша, но овој пат освои само четири гласови за разлика од пејачката со која настапи во дуел и која директно се пласираше во следниот круг.
Нејзиниот настап прва го коментираше Марија Шерифовиќ која и порача дека за свои 18 години има сериозен потенцијал, но и дека овој пат малку претерала со задачата која што си ја поставила пред себе.
Потоа нејзиниот настап го коментираше и Ѓорѓе Давид, кој искрено и порача што е она што му се допаѓа, но и каде и се грешките.
„Песната од Калиопи ти стои, но твоето пејачко знаење е мало и тука мораше на многу елементи да работиш. Обидувајќи се да го достигнеш оној врисок мислам дека доста од тоа продаде во песната и малце фалеше да ги пукне грлото. Тоа те чинеше и во следната песна. Избирај песни што ти стојат, како и во минатиот круг. Она ‘Мотори’, тоа ќе го паметам. Изгледаше како некоја ‘вамп’ европска жена, излезе тука и растури. Одлично! Но ова денес не беше добро“, изјави Ѓорѓе и нагласи дека другата кандидатка била подобра.
Од друга страна, Светана Цеца Ражнатовиќ и порача дека е полна со енергија и на сцената само што не експлодира.
Но и таа смете дека песната од Калиопи била претешка за неа, но и дека навистина дала сé од себе.
По ова се огласи и нејзиниот ментор, Александар Милиќ Мили, кој изјави дека за нејзината енергија на сцената не би коментирал, но истовремено ги замоли гледачите на јутјуб да стават коментар дали е тој луд што мисли дека неговата кандидатка заслушува шест гласови.
Поповиќ веднаш се пошегува н негова сметка, кој побара мислење од жирито дали сметаат дека е тој луд, на што коментираше Марија.
„Тоа воопшто нужно не е лошо, така што е“, изјави Марија.
Инаку, Милица која заради малкуте гласови заврши во бараж, на крајот успеа да се пласира за во следниот круг.
Што мислите, дали таа заслужи повеќе гласови?