Реклама
Вирално

Што зборуваше мајката на Вања за својот сопруг – таа му веруваше, а тој од животот и направи кошмар!

Телото на 14-годишната Вања е предадено на семејството, обдукцијата е завршена, а на таткото кој е еден од осомичените одреден му е притвор

Реклама

Му веруваше, а тој е обвинет дека за пари го предал нивното дете во рацете на монструмите …

Откако по седумдневната потрага по исчезнатата Вања Ѓорчевска беше пронајдено нејзиното тело никој не можеше да се помири со монструозниот план на оние што решиле да грабнат едно 14-годишно девојче и да го убијат заради користољубие.

Грозоморниот настан го потресе целиот регион, но најмногу семејството на малото девојче кое беше грабнато од страна на киднаперите од влезот во нејзината зграда и тоа во центарот на Скопје. Тагува и семејството на првата жртва во целото ова монструозно дело, берберот Панче Ж. (74) од Велес, кого најблиските неколку дена претходно го пријавија за исчезнат и по кого полицијата со денови трагаше.

Маркетинг

Како што и претходно објавија медиумите, мајката на Вања уште од самиот почеток се сомневаше дека нејзиното чедо е киднапирана. Таа откако пријави на телефонскиот број 112 дека ја нема нејзината ќерка, објави и на Фејсбук статус дека нејзината ќерка е исчезната, и најпрво го остави својот телефонски број доколку некој има било каква информација за неа, да и се јават и да ја известат.

Маркетинг
Фото: Фејусбук

Но по некое време таа реши да ги тргне својот број и напиша дека оние што имаат било какви информации за нејзината ќерка истите да ги достават до полицијата. Таа истовремено им се заблагодари на луѓето од истрагата дека давале сé од себе да ја најдат Вања, но и ги замоли сите да не се шират шпекулации во врска со случајот.

Мајката во една од своите изјави за медиумите истакна дека нејзиниот сопруг не користи социјални мрежи бидејќи како што откри тогаш, „не сакал секој да го ризикува сопствениот живот“.

Таа исто така истакна и дека не ги чита коментарите на граѓаните на социјалните мрежи, но и дека во некои медиуми се објавуваат нејзини наводни изјави од кои се изедуваат заклучоци, но истовремено и се извртуваат нејзините зборови. Таа и тогаш истакна дека е задоволна од работата на полицијата и дека ако некој може да го пронајде нејзиното дете, тоа се институциите кои се надлежни за тоа.

Една од фотографиите што мајката на Вања ги објави на Фејсбук

„Затоа молам да престанеме со претпостави и невистини, ова навистина е тежок период за нашето семејство“, апелираше мајката.

Во врска со бројните реакции околу таткото на Вања, Александар, каде и зошто ништо јавно не објавува, таа изјави дека целото семејство во овие тешки моменти е заедно.

Таа истакна дека таткото на Вања не користи социјални мрежи и дека можеби на некои тоа им е несфатливо, но не сакаат сите да го ризикуваат својот живот. „Ни јас не објавувам многу на социјалните мрежи и не гледам ништо спорно во тоа. Александар нема ризично занимање“, објаснуваше тогаш мајката, во врска со претпоставките дека можеби Вања е киднапирана заради, како што пишуваа тогаш некои медиуми, професијата на нејзиниот татко.

Фото: Фејусбук

Потсетуваме, телото на малата Вања Ѓорчевска беше пронајдено откако осомничените лица го признаа делото во полиција.

Тие посочиле каде ја закопале девојката, но и берберот од Велес кого претходно го убиле и му го одземале автомобилот.

Како што беше наведено уште од првичното соопштение од МВР, мотивот бил користољубие.

Фотографија од првоосомничениот во случајот

За овие две грозоморни убиства обвинети се пет лица, меѓу кои е и таткото на девојчето, а едно лице е во бегство.

Телото на 14-годишната Вања е предадено на семејството, обдукцијата е завршена

Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје е завршена во текот на вчерашниот ден и телото е предадено на семејството, потврдуваат за МКД.мк извори од истрагата. Анализите по извршената обдукција која треба да ги утврди причините за насилната смрт, времето кога девојчето починало… се во тек и откако целосно ќе завршат, ќе биде изготвен обдукционен извештај кој со сите комплетни податоци и анализи ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство Скопје.

Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата за овој грозоморен настан.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button