Вести

ШТО ГО ЧЕКА ТАТКОТО НА ВАЊА АКО СЕ ДОКАЖЕ ДЕКА Е ВМЕШАН ВО УБИСТВОТО НА ЌЕРКАТА? Овој детаљ открива дека УБИЈЦИТЕ ПЛАНИРАЛЕ СЕ…

Advertisement

Туфегџиќ, кој за МРТВ зборуваше за убиството на малите Вања Горчевски и Панче Жежовски, рече дека таквите дела се казнуваат со највисоки можни казни, односно доживотен затвор.

Деталите за убиството на 14-годишното девојче од Скопје се уште се откриваат, а познатиот адвокат и поранешен судија на кривичниот суд во Скопје, Владимир Туфегџиќ, вели дека ова кривично дело било со умисла, а доказ за тоа е вреќата за спиење. што киднаперите и убијците ги носеле со себе.

Advertisement

„Очигледно дека секој од осомничените имал своја улога во овој грозоморен настан и дека тоа било направено со умисла. На девојчето му ги врзале рацете и нозете, па го ставиле во вреќа за спиење.

Тоа не се наоѓа на улица, туку мора да го носите со себе со намера да сторите нешто. Така што за ова кривично дело имало умисла.

За таткото кој е осомничен законодавецот е јасен, ако се докаже спрега помеѓу таткото и осомничените како директни извршители на кривичното дело, секако дека неговата судбина нема да биде поразлична од онаа на другите во оваа постапка“, вели Туфегчиќ.

За информациите дека првоосомничениот за убиствата Љупчо Палевски-Палчо се наоѓа во Турција, адвокатот Туфегчиќ вели дека со оваа земја имаме меѓународна соработка.

„Тој наводно се наоѓа во Турција. Нашите органи на прогон треба да добијат потврда дека лицето се наоѓа на одредена земја и да биде распишана меѓународна потерница, па потоа да биде упатено барање на екстрадиција.

Со Турција имаме договор за меѓународна соработка потпишан во Анкара во 1997 и имаме билатерален договор и не очекувам да има никакви процесни проблеми бидејќи и до сега во судската пракса не било спорно постапувањето помеѓу Македонија и Турција“, рече Туфегчиќ.

Апелира до сите кои се вклучени во оваа постапка – да ги тргнат емоциите на страна и да се раководат само од законите.

„Доколку тоа се утврди, нашите власти треба да добијат потврда дека лицето е во таа земја и останува меѓународната потерница, потоа се дава барање за екстрадиција. Со Турција имаме потпишано договор од 1997 година и имаме билатерален договор, така што Очекувам дека имало процедурални проблеми“, изјави Туфегџиќ.

Скопскиот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи притвор од 48 часа за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од осомничените за убиството.

Како што наведуваат од Кривичниот суд, притворот е определен поради опасност од бегство и влијанија врз сведоци.

Претходно, Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски, првоосомничениот во убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој е посочен како организатор и реализатор на убиствата.

„За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Да потсетиме, познато е дека Палевски ја напуштил Македонија на 30 ноември и наводно влегол во Србија, од каде што се сомничи дека пребегнал во Бугарија.

Но, локалните власти немаат информации дека е на нивна територија. Сега се шпекулира дека успеал да стигне до Турција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button